20-23.12.2019 (Загреб и Белград)

Звукот на Божиќни sвона, мирисот на ѓумбир, прегореното вино и разни други деликатеси ... Само заборавете на сè и уживајте во сите овие прекрасни работи! За време на сезоната, Загреб нуди различни настани што ќе ги задоволат дури и најпребирливите посетители - многу забава, одлична храна, уникатни настани, уметност, но и оригинална Божиќна атмосфера. Загреб беше изгласан за најдобар Божиќен пазар во Европа од страна на интернет-анкетите на Европските најдобри дестинации трипати по ред, за 2016-2017 и 2018 година. За време на празниците Загреб е одлична сцена и Ве очекува да бидете актер во неа. Затоа, само фатете ги црвените чизми и предајте се на уживање. Дедо Мраз Ве чека во градот – размислете…. светкави свеќи, шарени излози, празнична храна и пијалок, концерти, хорови и многу повеќе.
За Ваше уживање за време на оваа тура застануваме и до Белград за шопинг, Скадарлија и ноќен живот.... СЕ за Ваше новогодишно уживање и расположение.

ДЕН 1. (20.12 петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на група за поаѓање на 20.12 во 13,30 часот. Поаѓање за Белград во 14 часот. Пристигнување во Белград во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за идивидуален шопинг, посета на Кнез Михајлова и Скадарлија, како и за индивидуални активности. Ноќевање. 

ДЕН 2. (21.12 сабота) БЕЛГРАД-ЗАГРЕБ
Доручек. Поаѓање за Загреб во 10 часот. Пристигнување во Загреб во пополадневните часови. Разглед на градот пешачка тура. Има многу начини да го открете и доживеете Advent во Загреб. За оние кои сакаат да го доживеат Загреб индивидуално на свој начин – има посебна апликација Zagreb Be There. Секоја година има посебна рута во оваа пликација специјално дизајнирана за да бидете дел од Advent. Додека се движите по оваа рута, чекирајте се на што повеќе локации и можете да освоите награда. Една од наградите е специјалната кригла Zagreb Be There, која можете да ја користите за да уживате во вашето греано вино на еден од многу штандови. За останатите пешачка прошетка низ Загреб и посета на најдобрите знаменитости на градот како Горниот град, Mарков Трг и црквата на Св Марко, главната Катедрала.  Во вечерните часови посета места кои се дел од најдобриот ADVENT. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Плоштад Бан Јосип Јелашиќ - огромна новогодишна елка, фонтаната која се претвора во светлечки диспеј нудејќи преубав новогодиќен приказ и пријатна, загреана, покриена дрвена куќичка павиљон каде се служи храна и пијалоци. Во работните денови и за време на викендите има музика во живо.

Европскиот плоштад - пешачка зона во срцето на градот каде е сместен живописниот божиќен пазар ADVENT: сувенири и Божиќни украси, прекрасна храна и пијалоци и музички настани во вечерните часови.

Паркот Зрињевац - едно од најубавите места во Загреб. Фенери го осветлуваат патот низ дрвјата, со кои стариот музички павилјон изгледа како блескава палата. Тезги на уметници и голем избор на традиционални Божиќни подароци, божиќна храна и пијалоци кои се нудат само за Вас на специјално украсени ситни дрвени колиби. Ова место е створено за да се ужива во зимските специјалитети во Загреб, вклучително и печени штрукли, топло и тазе печиво со меко сирење. Таму ќе се напиете загреано вино, топло чоколадо и специјални божиќни колачиња. Музика во живо има секоја вечер, а за време ан виокенди и наутро. Ова е добро место за купување божиќни подароци за дома. 

ICE PARK на плоштадот Кинг Томислав - Божиќна бајка Ве чека во еден од најубавите паркови во Загреб - лизгалиште за мраз, избрана храна и пијалоци, како и музички настани. Ова е место за уметничко лизгање и забава. Посетителите се охрабруваат да се приклучат!

ДЕН 3 (22.12 недела) ЗАГРЕБ-СКОПЈЕ
Појадок. Опционо посета на Музејот Мимара, Музејот на прекинати пропаднати врски (Museum of Broken Relationships), кулата Лотрсчак каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Камената врата, еден од влезовите во стариот град, пазарот на отворено Долац. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Поагање за Скопје во вечерните часови. Пристигнување во Скопје во рани утрински часови на 23.12.2019. 

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 179€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Превоз автобуски како по програма (тргнување од Скопје)
  • 1 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • 1 ноќевања со појадок во хотел 3* во Загреб
  • Пешачка тура во Загреб како по програма
  • Организација на патувањето со пратител
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристички такси во хотелите (се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 35€
  • Индивидуални тури и прошетки
  • Опциони факултативни излети по програма
  • Влезници за музеи и културно – историски споменици
  • Оброци надвор од наведени услуги (доручек) во хотелите
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМА СЕ ПОТРЕБНИ МИНИМУМ ГРУПА ОД 30 ПЛАТЕЖНИ ЛИЦА
**** агенцијата го задржува правото за промена на цена на аранжман и програма, како и за отказ на истата доколку не се пополнат места за минимален број на патници за реализација на истата ***

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 30 платежни патници. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
  • Седиштата ( местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
  • Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер
Ви се допаѓа понудата?