БУДИМПЕШТА- МАГИЈАТА НА БОЖИЌНИОТ БАЗАР!

Будимпешта има еден помал и еден поголем Божиќен базар, кој вообичаено се одржува од средината на ноември се до крајот на декември секоја година од 1998 година на плоштадот Vörösmarty и кај Базиликата. Двата базари се сместени во центарот на градот и секоја година се посетувани од илјадници туристи.
На штандовите на базарот можете да најдете рачно изработени сувенири, божиќни украси, плетена облека и аксесоари, рачно изработени свеќи, продукти од кожа, рачно изработени музички кутии, накит, лулиња и разни додатоци за страсните пушачи, традиционални Унгарски специјалитети, варено вино, слатки задоволства... идеални за подарок на вашите најблиски.

За време на базарот се одржуваат многубројни концерти, ласерски проекции на Базиликата и разни други изведби од талентираните жители на градот. Тоа што овој базар го прави посебен е фокусот на она автентичното од Унгарија, традиционалното и вистински квалитетното и сето тоа изработено од вештите раце на занаетчиите. Целта на божиќниот базар во Будимпешта не е само шопингот. Туку да се купи мал, совршен и полн со емоции подарок за најблиските, да се вкуси традиционалното варено вино, да се проба од Унгарските пецива ( Kurtos kalacs, ), да се проба традиционалната “street foods” (колбаси, разни пецива, печени лешници, печени лепчиња со лук прелиени со крем од сирење...), како и парче flódni- традиционална Еврејско-Унгарска торта од семиња со топло пиво и крем од вишни, и пред се да се доживее магијата на Божиќот следејќи ги сите пропратни концерти и настани кои следат за време на базарот.

На овој базар можете да најдете и катче за деца од 10+ години каде децата можат да ја изразат својата креативност исработувајќи разни рачни изработки како: разгледници, магнети, колачиња од марципан со кои ќе го дочекаат Дедо Мраз.  Покрај Базиликата Свети Стефан постои и лизгалиште. Најдоброто кафе Gerbeaud – (сос од праска, ликер од праска, топло чоколадо и пена од ванила) можете да го вкусите во познатото Cafe Gerbeaud,  кое се наоѓа на северната страна од плоштадот Vörösmarty и постои од далечната 1858 година. Оваа година базарот ќе биде отворен:
  • На плоштадот Vorosmarty (Ноември 10.2017 – Декември 31.2017)
  • Кај Базиликата (Ноември 24.2017 – Јануари 2.2018)
За крај еве дел од атмосферата од минатогодишниот базар, а оваа година можете да го посетите со туристичката агенција Војажер по неверојатно ниска цена, директен лет од Скопје: http://www.voyager.com.mk/budimpeshta-direkten-let-od-skopje/ 

 

Галерија

Поврзани блог статии