Зошто Банско за зимски одмор?!?

Малото градче Банско, кое се наоѓа на 927 метри надморска височина во Бугарија, е атрактивен ски центар. Одличните патеки за скијање и достапните цени во хотелите во зимската сезона се мамка за туристи ширум светот. Банско сеуште го одржува епитетот за најпобарувана зимска дестинација за македонските туристи . Изобилува со многу хотели, симпатични ресторанчиња- меани и секако прекрасен скијачки центар. Дополнително чистиот планиски воздух, минералната и термална вода, луксузно опремените спа центри и близината до Македонија се вбројуваат меѓу главните причини зошто нашите туристи се одлучуваат да патуваат токму тука.
До Банско најбрзо се стига преку Куманово, Крива Паланка, Ќустендил, Благоевград, Симитли, Банско. Патот е 261 km и со автобус се стигнува за 4-5 часа вклучувајќи чекање на граница со сите формалности. За тие што патуваат со сопствено возило неизбежен е трошокот за зелен картон и 5 евра “вињета”- (замена за патарина) при влез во Бугарија.
Во Банско ќе сретнете туристи од голем број европски и балкански држави кои имаат една заедничка цел – незаборавен одмор и добра забава. Нивната еуфорична енергија придонесува за една раздвижена и одлична атмосфера која му дава посебен шмек на Банско.
Од мало живописно селце, Банско за само 10-тина додини стана вистински ски центар кој се носи рамо до рамо светските ски центри ширум светот. Денес овој мореден ски центар има повеќе од 120 сместувачки објекти, патеки за скијање со должина од 65 км, од кои најдолгата е 16 км и почнува од врвот со 2.917 м надморска височина. Барајќи вистинска алтернатива за Алпите, овде ќе најдете патеки за сите вкусови. Од благо коси за почетници, до неверојатно стрмни за професионалци, а некаде и вертикална падина за оние со повеќе храброст.
Туристите ширум светот се одлучуваат токму за Банско поради најдолгата ски сезона која трае од октомври па се до март благодарение на современата технологија која доколку нема снег овозможува во Банско да има. 😊
Современата гондола овозможува скијање и бордање за почетници и професионалци, но и возење за љубителите на природата. Покрај модерните ски терени по примерот на оние на Алпите, Банско располага и со голф терени, тениски терени, казина, патеки за планинарење, јавање на коњи, а како јаготка на шлагот се традиционалните меани кои нудат традиционални гастрономски специалитети со многу зеленчук и месо и жива музика. Неизоставен дел секако е и ноќниот живот.
Во Банско ќе јадете неколку диско клубови во кои претежно се пушта Балканска музика, но и илјадници барови, клубови и ресторани кој нудат добра забава се до раните утрински часови.
И сето ова ќе го добиете за само 3 часа возење од главниот град Скопје.
Спојот на убавината на националниот парк Пирин и живописните предели, заедно со луксузните хотели и современиот скијачки центар, малото селце Банско го претворија во еден од најпрестижните ски центри во Источна Европа. 
Целосната понуда за Банско за зима 2017-2018 можете да ја погледнете на: http://www.voyager.com.mk/bansko/   
 

Поврзани блог статии