Користете СПА центри додека сте на зимување!

Зимата е време кога вашата кожа претрпува многу промени. Секојдневните стресови, ладното време, тешката и волнена облека, обоените ткаенини се само мал дел од “непријателите” кои секојдневно ја сушат и дехидрираат кожата.
Затоа експертите препорачуваат, во овој дел од годината неопходно е да ги почувствувате благодетите на еден друг свет - СПА центарот. Единственото уживање се постигнува со време посветено на самите себе и тоа не само за физичка регенерација туку и за психолошко ослободување од секојдневните обврски. Еве мал дел од придобивките со користење на СПА центар:

  • Забавување на темпото и овозможување на телото да се регенерира

  • Подобрување на циркулацијата на крвта со испраќање на повеќе кислород и хранливи материи низ телото и клетките

  • Стимулирање на лимфниот систем за ослободување на токсини од телото

  • Ослободување на серотонин и подобрување на позитивните чувства

  • Го намалува ризикот од хронично болните состојби како артритис, ишијас и мускулни грчеви

  • Полирање на кожата, поттикнување на регенерација на клетките и детоксикација на порите

  • Полнење на телото со хранливи материи и елементи, зголемување на влажноста на кожата, помагајќи да се подмлади и да се релаксира телото и умот

  • Подобрување на психолошката состојба и зголемување на мотивацијата.
     

Туристичката агенција Војажер ја има вистинската понуда за остварување на сите овие придобивки за вас. Големиот избор на хотели кои можете да ги најдете на нашата веб страна за претстојната зимска сезона
( http://www.voyager.com.mk/zima-2017-2018/ ) за Банско, Боровец, Пампорово, Австрија, Копаоник, Златибор..., покрај тоа што нудат еден незаборавен активен зимски одмор, за вас имаат и начин како да го достигнете вистинсиот душевен мир и спокој.
Во нашата понуда на хотели, во луксузно опремените спа центри ќе најдете, внатрешни и надворешни затоплени базени, џакузи со термална вода, сауни, парни бањи, туркси бањи, релакс соби, хидротерапија, ароматерапија, пилинг на тело со разни масла, миризливи релакс масажи  како и медицински масажи..., вистинското чувство на длабока релаксација, топлина и виталност.
Тајната на СПА ЦЕНТРИТЕ е во енергетското влијание на термалните води, докажаните техники на работа на стручните лица и благотедите од билните и природни масла кои се користат и кои на телото му дава енергија, и ја прави кожата млада и цврста создавајќи вистинско задоволство за телото и умот. Овие третмани овозможуваат вистинска релаксација на телото и духот и позитивно се одразуваат врз однесувањето на луѓето, нивните навики, активности и слично.
 

 
    
 

Поврзани блог статии