Богатиот Либан за прв пат од СКОПЈЕ

Либан крстопат на цивилизации и култури, земја со богата историја, силен културен идентитет и мултиетничко општество каде доминираат три големи религии (муслумани- шиити, сунити и алавити, Друзи и христијани- Маронитски католици, Малкитски грчки католици , Ерменци, Сиријци...)  и различни етнички групи. Либан е независна држава на Блискиот Исток која излегува на средоземното море. Либан има околу 4.225 000 жители, официјален јазик е арапскиот, додека главен град е Бејрут. Името го добила од зборот “”ibn” кој означува бело а се однесува на снежната покривка на планината Либан. Името е пронајдено во записи од боблијата во Ебла кои датираат од III милениум п.н.е., исто така се споменува и околу 70 пати во библијата и три пати во епот Гилгамеш. Национален симбол е Либанскиот кедар кој воедно е и национален симбол.
Либан има богато културно историско наследство и е доста интересна дестинација за секој еден човек независно од тоа од кој дел на светот доаѓа ниту пак на која вера припаѓа.
Туристичката агенција ВОЈАЖЕР, за претстојниот празник (23 октомври), ви припреми една специјална и ексклузивна програма за Либан со поаѓање од Скопје. - http://www.voyager.com.mk/liban-od-skopje/
Со истата освен Бејрут се посетуваат и:

Библос, Јеита Грото и Хариса
Овие 3 места се посетуваат во еден ден како факултативен излет со поаѓање од Бејрут. Оваа екскурзија е идеална за сите оние кои прв пат доаѓаат во Либан. Откријте како 24 последователни цивилизации во Хариса го направиле местото еден од врвните археолошки локалитети во земјата, и разгледајте ги пештерите на Џита Грот. Оваа екскурзија исто така вклучува и посета на Библос како еден од најстарите градови во светот. Во оваа екскурзија ќе уживате во историската авантура која ќе ви ја приреди локалниот водил. Патувањето трае околу 30 мин до Јеита, а потоа турата продолжува со возење со бродчиња низ подземното езеро каде ќе ја видите древната пештера која е финалист на “New 7 Wonders of Nature” во 2011 година. Потоа ги исражуваме долните пештери како и горните. Од Џита патот го продолжуваме кон Библос, еден од најстарите градови во светот. Овој град е стар околу 7.000 години и е меѓу првите археолошки локалитети во државата. Посета на замокот Библос каде одблизу ќе го доживеете вистионсиот живот на древните цивилизации. Посета на средновековното римско пристаниште кое е едно од најинтересните туристички места во градот.
По разгледот на Библос, посета кон Хариса каде се посетува статуата на Богородица, вклучувајќи ја и капелата и спиралните скалила од каде има преубав поглед кон заливот. Ова место е едно од најважните духовни места за верниците ширум светот. Враќање во хотелот. 

Посета на Анјар, Баалбек и Ксара
Истражете ги античките руини на винскиот Либан. Посета на старите урнатини во Баалбек
Разгледајте ги античките урнатини и винарството на Либан на ова целодневно патување од Бејрут, вклучувајќи ручек. Со стручен водич, посетете ги старите урнатини во Баалбек, прекрасен комплекс од римски храмови и згради кој го сочинуваат римскиот град Хелиополис. Разглед на храмот на Јупитер изграде на огромен подиум и околу правоаголен двор каде што се извршени жртвувања. За ова место постојат многу неразјаснети мистерии а една од нив е како гигантските камени блокови кои служеле како основа за храмовите биле транспортирани на ова место а потоа биле составени во една целина. По разгледот на Умијадските урнатини од 8 век во Анџар, посета на пештерите Ксара, серија од древни пештери кои се користеле како винарски визби и се едни од најстаите винарии во Либан како и во светот. Откриени се во 1898 година. Овде ќе дознаете повеќе за процесот на производство на традиционално Либанско вино а турата завршува со дегустација на вино. Возењето назад е вистинса бајка. Патувањето се одвива низ традиционални Либански села каде можете да видите како се одвива секојдневниот живот на жителите.
Анјар разглед на умијадските урнатини кои ги сочинуваат остатоците од палата од 8 век, управуван од династијата Умјада, овој фасцинантен комплекс е составен од храмови, арки, порти... изградени во хелинистички и римски стил.