Бали - островот на боговите

Без разлика дали сакате сонце, плажа и уживање, ноќен живот, јога или вистински гурмански специјалитети Бали е вистинска дестинација за секого.
Овој остров е дел од Индонезија и се наоѓа на јужниот тропски предел помеѓу Австралија и Виетнам. Иако мал остров тој е вистински рај и секоја година го посетуваат околу  3 милиони туристи.  Бали ги поседува најубавите плажи во светот како и најбогатите корални гребени кој се вистинско уживање за љубителите на нуркањето. Бели за многу претставува “ коцка шеќер”, а таму каде што има шеќер има и мравки. 😊 Шеќерот претставуваат километарските бели песочни плажи, тиркизното море, каскадните оризови полиња, кои се протегаат се до моќните вулкани како и единственоста на луѓето кои низ вековите ја задржале комбинацијата на хинду религијата и древната култура се до ден денес. Денес, сето ова ви го овозможува туристичката агенција Војажер и тоа за неверојатно ниски цени, со група со водич од СКопје- http://www.voyager.com.mk/bali-nikogash-poeftin/ . На Бали едноставно нема што нема. Единствен проблем е тоа што никогаш нема да сакате да се вратите дома.
Бали денеска е дом на многу еколошки центри, центри за поддршка на селскиот туризам, биофарми и училишта за јога и медитација.
Овој остров на боговите, како што го нарекуваат, нуди можност за многу факултативни излети кои не смеете да ги пропуштите и тоа:

Островот Мнџанган
Името доаѓа од зборот мнџанган кој на индонезиски значи елен. На ова место секоја пролет доаѓаат стотици елени кои пливаат во тиркизно сините води. Целиот овој дел е национален парк и е заштитено подрачје каде предност имаат секако елените. Елени во храмовите, елени во дворовите, елени на плажите, СЕКАДЕ ЕЛЕНИ.
Несекојдневна гледка за еден тропски остров но сепак магична.
Околината на островот е преполна со разнобојни корали каде имате можност да видите богат животински свет.
 


Плажата Блу поинт
Оваа плажа ќе ви го одземе здивот. Се провлекува под карпа и често туристите велат дека имаат чувство како да се на приватна плажа, без разлика на големиот број посетители вие сепак ќе се чувствувате како да е создадена само за вас. Прекрасниот ресторан на врвот од карпата покрај вкусните специјалитети и коктели ви нуди и една магична гледка кога во вистинска смисла на зборот ви го одзема здивот. Доволни сте само вие, вашето кафе, морето и мирисот на Бали.

Прошетка по долината Кампухан
Оваа прошетка ќе ви биде една од најубавите и најрелаксирачките прошетки кои некогаш сте ги имале. Ќе имате можност да уживате во природата, во најубавите пејзажи кои не се раскажуваат, едноставно мора да ги доживеете. Прошетката по долината Кампухан не е воопшто напорна, туку баш напротив е многу смирувачка. А најубавото, (ако воопшто може да се издвои нешто како најубаво) следува на крајот од патеката. Таму ве чека кафуле каде ќе ве послужат со огромен број традиционални пијалаци и јадења како едно вистинско заокружување на зен турата.


Тирта Ганга
Водена градина што му припаѓа на кралското семејство Карангасем. Се наоѓа во средината на селските оризови полиња, опкружена со многу природни извори. Градината е составена од растенија, скулптури, фонтани во вода, потоци, базени и многу повеќе. Составена е од три нивоа. На првото има базен, две декоративни езерца, неколку фонтани и природен извор кој се протега под големо дрво. Од една страна фонтаните се ремек-дела кои стојат рамо до рамо со делата во Версај, а од друга страна пак претставува вистинско спиритуално место за медитација и јога.
Второто ниво има накривена 11-катна фонтана, која може да се види од сите страни на градината.
Последното ниво е најголемо. Се состои од езеро и остров во средината кој се вика Демонски остров. Водата што тече низ природните извори отсекогаш се сметала за света, и често се користи во религиозни церемонии, но во некои делови можете и да пливате.

Американскиот брод на слободата
Овој брод бил Американски војнички карго брод кој потонал за време на Втората светска војна. Денес тој претставува вистинска атракција на Бали. Освен што можете да го видите бродот, вистински ќе уживате во богатството од корали и животински свет кои се буквално залепен на самиот брод. Ова нуркање е идеално за почетници бидејќи тука нема големи бранови.

Ѓаволска солза
Ѓаволска солза е одделена карпа на еден од многуте острови на Бали. Го добила своето име поради звуците кои ги создава кога брановите удираат во карпите. Овде водата е неверојатно чиста. Карпестите формации се уникатни. Тука ќе ги оживеете буквално сите ваши сетила. Брановите може да бидат и многу големи па се препорачува поголем степен на претпазливост.

Слонова пештера
Дали некогаш сте замислиле какво е чувството да влезете во устата на демонот? Тоа ќе може да го дознаете во Слоновата пештера. Создадена е во IX век и тогаш служела како светилиште. На надворешната страна има застрашувачки камени резби кои ве отпоздравуваат, вклучувајќи го и демонот што некогаш претставувал слон (оттука доаѓа и името). Најверојатно порано служела како место во кое се штителе од лошите демони. Во околината има будистички храм, мали водопади и многу природа.

Светилиштето во светата шума на мајмуните
Доколку сакате да имате директен контакт со мајмуни ова е вистинското место за вас. Во прошетката и разгледувањето на храмовите ќе имате можност да бидете опкружени со мајмуни и други животни. Мајмуните знаат да бидат палави, но во принцип се добро социјализирани. Ако имате среќа може ќе успеете да направите селфи со некое мајмунче. Но, никој не ви гарантира дека нема да ви го украдат телефонот.

Прошетка низ селото Мајонг
Ако сакате да го доживеете Бали како вистински локалец, тогаш правото место за вас е селото Мајонг. Треба да си најдете некој кој добро го познава местото, за да ви раскаже за сите специфични видови вегетација, дел од културата, религијата и обредите. Луѓето таму се многу дружељубиви, па сигурно нема да ви дозволат да јадете некоја купечка храна, туку ќе инсистираат на домашните специјалитети зготвени по единствени традиционални рецепти.

Театарот Девдан
Експлозивен микс од традиционалното и современото. 90-минутно шоу кое ќе ве прати на прошетка низ традиционалниот Бали. Различни танци, пеење, костими, истовремено изобилство од фасцинантна технологија која се базира на специјални ефекти на дожд, оган, разни пиротехнички средства како и ротациони сцени. Кореографијата е визуелно уживање кое претставува сплет на воздушни акробации, традиционални танци, па дури и современ хип-хоп.