CHRISTMAS MARKET – COLMAR
АВИОНСКА ПРОГРАМА -ПРОДАДЕНА И ЗАТВОРЕНА

CHRISTMAS MARKET 2019

СТРАЗБУРГ И КОЛМАР

АВИОНСКА ПРОГРАМА - МЕСТА СЕ ПРОДАДЕНИ И ПРОГРАМА Е ЗАТВОРЕНА

06.12 – 09.12.2019

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУРГ кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… а во плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…
DEC 06/ Skopje – Basel-Mulhouse-Freiburg/ 13:35 – 15:50 (W6 7731)
DEC 09/ Basel-Mulhouse-Freiburg – Skopje/ 16:20 – 18:30 (W6 7732)
ДЕН 1. (06.12 петок) СКОПЈЕ – Basel-Mulhouse-Freiburg
Состанок на група за индивидуално чекирање на аеродорм Скопје два часа пред лет – во 11,30часот. Слетување во Басел во 15.50 часот. Трансфер во хотелот согласно наведен во програма. Ноќевање. 

ДЕН 2. (07.12 сабота) СТРАЗБУРГ
Доручек. Слободно време за одмор. Во попладневните часови факултативно заминување кон централниот дел на градот (со јавен транспорт), запознавање со културата и историските знаменитости на градот, како и прошетка по трационалниот Божиќен маркет. Слободно време за индивидуална прошетка низ познатите улици на Стразбург. организиран разглед на градот со неговите најпознати знаменитости: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбург изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Враќање кон хотел. Ноќевање.

ДЕН 3 (08.12 недела) СТРАЗБУРГ – КОЛМАР – РИБЕАУВИЛ – СТРАЗБУРГ
Појадок. По појадокот следува посета на прекрасното француско гратче Колмар и селото Рибеаувил, кое во овој период од годината нуди неверојатeн амбиент поради преполните излози и продавници кои се дел од познатиот Божиќен маркет. Можеби ова е периодот од годината кога овој град добива посебна убавина и магија која ќе ве остави без зборови… Рибеаувил едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар. Ќе се загубите во блесокот на светилките и богато украсената архитектура. Колмар години наназад се наоѓа на врвот на најубаво украсени новогодишни дестинации, а токму тоа е причината што ги примамува туристите од целиот свет да го посетат Колмар пред Божиќните празници. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите древни градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден..Слободно време за уживање во магичниот Колмар. Враќање назад кон Стразбург. Ноќевање.

ДЕН 4 (09.12 понеделник) Basel-Mulhouse-Freiburg – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно претпладне. Во попладневните часови трансфер до аердоорм (за индивидуално чекирање на аердорм пристигнување во 14.20 часот). Пристигнување во Скопје во 18.30 часот.

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 485€

Промотивна цена за уплата до пополнување на промотивни места на авион и во хотел
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Превоз авионски со авио компанија ВИЗАИР согласно итенерер наведен погоре САМО со рачен багаж
  • 3 ноќевања (07-09.12) со појадок во хотел 2* во Стразбург Ibis budget Strasbourg sud illkirch
  • Посета на Колмар и Рибеаувил согласно програма
  • Организација на патувањето со пратител
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за багаж за двата правци од 10кг - 2.300 мкд/ 20кг – 3,200 мкд
  • Туристички такси во хотелите (се плаќа на рецепција)
  • Разглед на Стразбур – 10€ (вклучен превоз – јавен транспорт, организација и водич)
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 100€
ПРОГРМА Е ИНДИВИДУАЛНА ЗА АВИОНСКО ПАТУВАЊЕ СО ГРУПНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИЗЛЕТИ ЗА СТРАЗБУРГ И КОЛМАР И Е ВАЛИДНА ЗА МИНИМУМ ГРУПА ОД 15 ЛИЦА
**** агенцијата го задржува правото за промена на цена на аранжман и програма, како и за отказ на истата доколку не се пополнат места за минимален број на патници за реализација на истата ***

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер
Ви се допаѓа понудата?