CHRISTMAS MARKET – COLMAR

CHRISTMAS MARKET 2019

06.12 – 11.12.2019

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУРГ кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… а во плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…

ДЕН 1. (06.12 петок) СКОПЈЕ – СТРАЗБУРГ
Состанок со групата во однапред договорено време и место. Поаѓање кон Стразбург со попатни паузи и гранични регулативи.

ДЕН 2. (07.12 сабота) СТРАЗБУРГ
Пристигнување во Стразбург околу пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови факултативно заминување кон централниот дел на градот (со јавен транспорт), запознавање со културата и историските знаменитости на градот, како и прошетка по трационалниот Божиќен маркет. Слободно време за индивидуална прошетка низ познатите улици на Стразбург - величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбург изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Враќање кон хотел. Ноќевање.

ДЕН 3 (08.12 недела) СТРАЗБУРГ – КОЛМАР – РИБЕАУВИЛ – СТРАЗБУРГ
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на прекрасното француско гратче Колмар и селото Рибеаувил, кое во овој период од годината нуди неверојатeн амбиент поради преполните излози и продавници кои се дел од познатиот Божиќен маркет. Можеби ова е периодот од годината кога овој град добива посебна убавина и магија која ќе ве остави без зборови… Рибеаувил едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар. Ќе се загубите во блесокот на светилките и богато украсената архитектура. Колмар години наназад се наоѓа на врвот на најубаво украсени новогодишни дестинации, а токму тоа е причината што ги примамува туристите од целиот свет да го посетат Колмар пред Божиќните празници. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите древни градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден..Слободно време за уживање во магичниот Колмар. Враќање назад кон Стразбург. Ноќевање.
ДЕН 4 (09.12 понеделник) СТРАЗБУГ – МИЛАНО
Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот. Слободно претпладне. Во попладневните часови поаѓање кон Милано. Во вечерните часови пристигнување во Милано и сместување во хотел. Ноќевање.

ДЕН 5 (10.12 вторник) МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот следи организиран разглед на Милано: замокот Сфорцеско – некогашната службена резиденција на миланските војводи, централниот плоштад Дуомо и Катедралата Дуомо – петта по големина во светот и најголема катедрала во Италија, за чија изградба биле потребни 6 века, Via Vittorio Emanuele главната шопинг улица и центар на вечерните збиднувања, Galleria Vittorio Emanuele – покриен 196 метарски коридор со витражно стакло, со бројни продавници, La Scala, зграда на миланската опера и една од најпознатите оперски куќи во светот, црквата Santa Maria delle Grazie. Слободно време за дополнително уживање во градот на модата. Во вечерните часови поаѓање назад кон Скопје со попатни паузи и гранични регулативи.

ДЕН 6 (11.12 среда) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 299€ 249€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Превоз со модерен високо туристички автобус (АС, ТV, WC…) на релација СКОПЈЕ – СТРАЗБУР – МИЛАНО – СКОПЈЕ
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 2* во Стразбург
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 4* во Милано
  • Разглед на Милано
  • Организација на патувањето со пратител
  • Бесплатен превоз од градовите: Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес и Куманово. 
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристички такси во хотелите
  • Факултативни излети
       – Посета на Колмар и Рибеаувил – 45€
  • Разглед на Стразбур – 10€ (вклучен превоз – јавен транспорт, организација и водич)
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 100€
  • Туристичка такса во Милано 5€ (се плаќа на рецепција)
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

Ibis budget Strasbourg sud illkirch

https://www.accorhotels.com/gb/hotel-2193-ibis-budget-strasbourg-sud-illkirch-geispolsheim/index.shtml
IH hotel Milano Regency
Ви се допаѓа понудата?