FIRST MINUTE PROMO

05-09 МАРТ 2020

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ - 555ЕВРА

АВИОН ОД СКОПЈЕ + ТРАНСФЕР + 4 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ 3 * НА БАЗА НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК IBIS AL BARSHA 3*  
валидна за резервации и уплата до пополнување на местата
Најниска цена за најдобра локација на хотел

Цената е по лице за сместување во наведена двокреветна соба за даден период за максимум две лица.
Програмот е валиден за група од мимимум 15 лица

 
Програма на патувањето:
5 дена / 4 ноќи - авиокомпанија "FLY DUBAI"


1. ден Скопје - Дубаи
Полетување на авионот за Дубаи во 13.25 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2. ден Дубаи
ПРЕТПЛАДНЕ ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN – ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНО неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. За лицата кои ја немаат земено оваа дополнителна екскурзија, слободно претпладне.
ГРАДСКА ТУРА ДУБАИ - ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНО Попладне започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Се фотографираме на кај DUBAI MALL и BURJ KALIFA и турата завршува кај разиграните фонтани. Во вечерните посета на Burj Khalifa ОПЦИОНО СО ДОПЛАТА - највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат ...Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови.
3. ден ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА – ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНО (од 15 часот до 21 часот)
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање во кампот.  
 
4. ден ДУБАИ -  ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ – ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНА.
Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Saadiyat island каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката.НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.
НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ по каналот или марината (со вклучена вечера)– ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНА
Крстарење со брод по марината или крстарење со брод по новиот канала. За вечера се послужув сет мени (месо зеленчук) со безалкохолни пијалоци.

5. ден ДУБАИ-СКОПЈЕ.
Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.25 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.25 часот.
Цената е за целосна 50% уплата при резервација , без право на промена на име или отказ.
Цената вклучува:
- Повратен авионски билет на релација  Скопје - Дубаи – Скопје со FLYDUBAI;
- аеродромски такси
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром ;
- хотел IBIS AL BARSHA 3* - al barsha
- 4 ноќевања во избраниот хотел на база ноќевање со појадок;
- Организација и реализација на патувањето
- Полудневен панорамски разглед на Дубаи со лиценциран водич на српски јазик
Цената НЕ вклучува:
- Влезна виза за  Дубаи   - 85ЕУР по лице
- Факултативни екскурзии ОПЦИОНО
- ПОЛУДНЕВНА ТУРА ДУБАИ – ЗА МИН 10 ЛИЦА ЦЕНА 30 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (со лиценциран водич на срспки јазик)
- ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (без вклучен ручек) – ЗА МИН 10 ЛИЦА ЦЕНА 75 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (со лиценциран водич на срспки јазик)
- ПУСТИНСКО САФАРИ – 45 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (збирна тура со групен трансфер, без водич на српски јазик, вклучена вечера)
- Deluxe Dhow Cruise Marina – 65 еур/ лице (збирна тура со групен трансфер, без водич на српски јазик, вклучена вечера)
- посета на Burj Khalifa (влезница 45ЕУР по лице – normal hours)
- посета на MIRICLE GARDEN – околу 15ЕУР по лице (зависно од број на пријавени лица)
- посета на GLOBAL VILLAGE и на DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање)
- Патничко осигурување
- Останати индивидуални трошоци.
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 EUR) по соба по ноќ
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
  • Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
  • Во готово - уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Кредитни картички
  • уплата преку фактура
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни.
- Собите во наведениот хотел се само двокреветни. Може на барање да се смести и дете до 4 години без сопствен кревет, со што се намалува комодитетот на собата (дете плаќа 399 eur).
- доплата за еднокреветна соба – 120 ЕВРА за цел период
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
- Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Важни напомени:
- За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
 ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер