ДУБАИ SPO – ПРОМОТИВНА ЦЕНА/ ХОТЕЛ НА МЕСЕЦ
IBIS STYLE DRAGON MART 3*
4 НОЌИ – 438 ЕВРА/ 7 НОЌИ – 518 ЕВРА

ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПРОМО ДАТИ НА АВИОН

ЦЕНАТА Е ВАЛИДНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 10.11.2019 И ЗА ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ ОД 28.10.2019-30.04.2020, НЕ Е ВАЛИДНА ЗА ПАТУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВИСОКА СЕЗОНА, ПРАЗНИЦИ И МАНИФЕСТАЦИИ. ВЕ МОЛИМЕ ПРОВЕРЕТЕ ЈА ЦЕНА ПРЕД РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА ДА СЕ ГАРАНТИРА ПРОМО ПАКЕТ.
НАПОМЕНА - Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба/услуга
Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на вион и во хотел – на барање)
Програма на патувањето:
5/8дена - 4/7ноќи -  авиокомпанија "FLY DUBAI"


1. ден Скопје - Дубаи.
Полетување на авионот за Дубаи13.25часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.15 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање

2. – 4/7. ден Дубаи - слободен ден за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии. 
Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности.

5/8ден ДУБАИ-СКОПЈЕ.
Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.25 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.25 часот.
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Повратен авионски билет на релација  Скопје - Дубаи – Скопје со FLYDUBAI (вклучен багаз рачен 7кг и чекиран 20кг, согласно политика на авио компанија, НЕ Е ВКЛУЧЕН ОБРОК ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ – со доплата и претходна резервација);
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром ;  
  • 4 или 7 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга; 
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик) 
  • аеродромски такси
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Виза за Дубаи 85 ЕВРА по пасош (плаќаат сите лица кои патуваат не зависно од годините)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ 
  • Патничко осигурување
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи 
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
  • Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена. Минимален износ за уплата на аконтација е 50% од целосниот износ, остаток доплата 20 дена пред патување.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ::
  • Во готово - уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • кредитни картички
  • уплата преку фактура
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
  • Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Важни напомени:
- За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви. АКО ПАТНИКОТ НЕ ДОБИЕ ВИЗА,парите не се враќаат.
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман.
Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент.
Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ - Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер