ДУБАИ ОД СКОПЈЕ - ПРОМОЦИЈА
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ МАЈ 2021
499 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА 5 НОЌИ – ХОТЕЛ Golden Tulip Al Barsha 4* / RO
539 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА 5 НОЌИ – ХОТЕЛ Ibis Al Barsha 3* / BB
599 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА 5 НОЌИ – ХОТЕЛ Armada blue bay hotel JLT 4* / BB
599 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА 5 НОЌИ - ХОТЕЛ Millennium Place Barsha Heights 4* / BB

699 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА 5 НОЌИ - ХОТЕЛ Aloft Palm 4* / BB 
830 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА 5 НОЌИ - ХОТЕЛ Sheraton Jumeirah 5* / BB
*** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА (ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА) – ПРОМОТИВНА ЦЕНА ОД СКОПЈЕ ***
Период на патување 7 дена/ период на престој 5 ноќи
TK1006 07MAY SKPIST 2040 2315
TK 762 08MAY ISTDXB 0040 0555
TK 763 13MAY DXBIST 0735 1110
TK1005 13MAY ISTSKP 1925 1950
Програма на патувањето: 7 дена-5 ноќи - авиокомпанија TURSKISH AIRLINES

1 – 2 ден СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - ДУБАИ. Полетување на авионот за Дубаи во 20.40 часот. Слетување во Истанбул во 23.15. Полетување од Истанбул за Дубаи во 00.40 часот (нареден ден). Слетување во Дубаи на 2 ден во 05.55 часот (саатници се согласно локалвно време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот. Сместување согласно политика на хотелот (доколку има слободна соба сместување по слетување, доплата за early check in). Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

3 – 6 ден ДУБАИ слободен ден за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии (разглед на Дубаи ,крстарење со брод ,сафари во пустина ,посета на Mirical garden /Golbal village ) Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности.

7 ден ДУБАИ-ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ . Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 07.35 часот. Слетување во Истанбул во 11.10 часот. Полетување од Истанбул во 19.25 часот. Слетување во Скопје во 19.50 часот (саатници се согласно локалвно време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми) /услуга ноќевање со појадок

Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на авион и во хотел – на барање)
Цената вклучува:
  • Повратен авионски билет на релација Скопје-Истанбул - Дубаи – Истанбул –Скопје (вклучен багаз рачен 7кг и чекиран 20кг, согласно политика на авио компанија);
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром ;
  • 5 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база RO – room rate; BB - ноќевање со појадок согласно наведена услуга;
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик)
  • аеродромски такси

Цената НЕ вклучува:
  • Влезна виза за Дубаи - 85ЕУР по лице (задолжително за сите возрасни лица)
  • задолжително негативен ПЦР тест (96 часа изваден пред полетување)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Цена за сместување на трето лице на помошно легло на барање (се намалува комодитет на соба)
  • БЕБЕ 0-1,99 години е БЕСПЛАТНО во авион и во хотел
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
  • Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – на барање дополнително, оранизација согласно моментални протоколи

ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА (15-21 часот)
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

ПОЛУДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour ( 4 часа)
После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот.

НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise (19-22 часот)
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок). Опционо и можност за крстарење по Марина и крстарење по новиот канал со вклучена вечера (55-60 евра по лице).
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Важни напомени:
- За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
НАПОМЕНА 
Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 мкд).
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер