НЕВЕРОЈАТНА ПРОМОЦИЈА
ДУБАИ ОД СОФИЈА МАРТ
ЦЕНИ ОД 399 ЕУР ПО ЛИЦЕ ЗА 4 НОЌИ
Термини:
08-12.03.2021 ; 16-20.03.2021 ; 18-22.03.2021 ; 19-23.03.2021 ; 20-24.03.2021 ; 22-26.03.2021


*** Други термини по Ваша желба во консултација со наш претставник ***

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО

Детали од лет
SOF DXB 14:20 21:15
DXB SOF 09:40 13:25
1 ДЕН – СОФИЈА – ДУБАИ

Индивидуален трансфер до софискиот аеродром, два часа пред летот, индивидуално чекирање на летот и багажот, обавување на царинските и пасошките формалности. Полетување за Дубави во со авио компанијата Fly Dubai. Слетувањето во Дубаи. Следи трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.

2 – 4 ДЕН – ДУБАИ

За време на вашиот престој во Дубаи ќе имате прилика факултативно да ги посетите некои од најпознатите и најубави знаменитости на овој град и неговата околината

Burj Khalifa – најголемата зграда во светот со височина од неверојатни 828м, која најпрво требала да го носи името Burj Dubai, меѓутоа во чест на шеикот Khalifa al Nhjana е преименувана во Burj Khalifa. Облакодерот има 160 спрата, во него се сместени околу 1000 станови, канцеларии на 40 спрата, хотелот на Армани, како и прекрасната тераса на 124-тиот спрат.

Burj Al Arab – веќе со години е еден од симболите на раскошниот Дубаи, Burj al Arab преставува ултра луксузен хотел кој се смета за првиот хотел со 7* на светот. Сместен е на вештачкиот остров заедно со плажата Jumeriah. Островот со копно е поврзан со мост по кој можат да се движат и автомобили.
Музејот Дубаи – изграден на почетокот на 19.век и се смета за најстара градба во Дубаи. Првобитно бил користен како седиште на гувернерот, а од 1971 је прогласен за музеј. Го зафаќа просторот на тврдината Al-Fahidi во пределот Dubai Creek. Во музејот се изложени збирки од слики кои ја преставуваат историјата на Дубаи и сите фази на неговата експанзија, потоа традиционални оружја користени на овие простори, како и збирка посветена на морето и неговото значење во овие пустински предели и слики од старите бродови који биле користени за транспорт и трговија.

Palm Jumeirah – моментално најголем вештачки остров на светот, кој е граден во облик на палма со стебло и 17 листови, опкружен со мали островчиња кои во целина даваат облик на круг.

Jeep Safari – Зајдисонце на црвените дини со вечера во автентичен амбиент – во бедуински камп и ориентални мотиви. Можност за јавање на камили.

Трговски центар Mall of the Emirates – најголем шопинг центар на Блискиот исток, кој го сочинуваат преку 350 продавници, но и многу други содржини како што се разни тематски паркови, ресторани, кино сали, па дури и зимско скијалиште на затворено – Ski Dubai

Крстарење со брод (Show Cruise) – Прекрасно крстарење по заливот на Дубаи со вклучена вечера.

Ski Dubai – чудесно зимско скијалиште на затворено во сред пустина каде што во летните месеци може да се скија и на температури од над 40 степени целзијусови. Скијалиштето се наоѓа во трговскиот центар Mall of the Emirates, содржи 5 различни стази со вештачки снег со вкупна должина од 22.500 метри.

The World – архипелог со околу 300 мали вештачки острови кои се градени во облик на земјата. Секое островче претставува една држава, а нивниот распоред потсеќа на обликот на планетата Земја. Архипелогот се наоѓа на околу 4км оддалеченост од брегот и сите острови се на продажба. Целиот проект сеуште не е финално готов, меѓутоа е во завршна фаза.

5 ДЕН (ДУБАИ – СОФИЈА)

Трансфер до аеродромот во Дубаи. Чекирање на летот за Софија. Слетувањето во Софија. Крај на програмот.
СместувањеУслуга4 Ноќевања
IBIS AL BARSHA 3*Ноќевање со појадок399 ЕУР
REFLECTIONS HOTEL 4*Ноќевање со појадок399 ЕУР
GOLDEN TULIP MEDIA HOTEL 4*Ноќевање со појадок429 ЕУР
MILLENNIUM BARSHA 4*Ноќевање со појадок455 ЕУР
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Повратен авио билет на релација СОФИЈА – ДУБАИ – СОФИЈА со авио компанијата FLY DUBAI
  • Чекиран багаж до 7 кг
  • 4 ноќевања со појадок во избраниот хотел
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром.
  • Сите аеродромски такси
  • ВИЗА (посредува агенцијата )

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • НЕГАТИВЕН PCR тест не постар од 72ч
  • PCR тест за враќање (посредува агенцијата за тестирање во Дубаи)
  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и назад
  • Градска такса, која се плаќа на рецепција во хотел (хотели со 4* 15 дирхами по соба по ноќ, хотели со 5*– 20 дирхами по соба по ноќ)
  • Факултативни излети и влезници
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба
Важни напомени:
- За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
НАПОМЕНА 
Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 мкд).
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер