ИСТАНБУЛ 23-26.05.2019

ГРУПНО ПАТУВАЊЕ СО АВИОН

01ден ( Четврток, 23 Мај ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:20 часот. Тргнување за Истанбул во 9:20 часот. Лет со авиокомпанија Turkish Airlines. Пристигнување на аеродромот во Истанбул во 11:55.
По излез од аеродромот следува Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија... Посета на Вселенската патријаршија. Сместување во хотел. Вечерта факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Ноќевање.

02ден ( Петок, 24 Мај ) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители...Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем...Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини.. Предлагаме, факултативна посета на Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомежу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balik ekmek (риба во леб) на Еминону. Ноќевање.

03ден ( Сабота, 25 Мај ) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ И ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada...) - архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица...Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија..Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал, можност да се вкуси традиционална турска баклава и чај. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

04ден ( Недела, 26 Мај ) ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно - посета на МИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25… Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје од аеродромот во Истанбул во 19:30 часот по локално време. Пристигнување во Скопје во 20:00 часот по локално време.
ЦЕНА НА АРАНЖМАН:
345еур/21,390.00мкд 4* Таксим област
299 еур /18,538мкд 3* Алсарај Област 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Превоз со авион со вклучени аеродросмки такси
  • Трансфер аеродром хотел аеродром
  • Сместување во хотел 4* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Напомени: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници.