ИСТАНБУЛ за НОВА ГОДИНА 
АВИОНСКА ПРОГРАМА
4 дена / 3 ноќевања - 30.12.2020 – 02.01.2021
Истанбул! Градот што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

Главниот град на 3 империи ќе Ве освои бидејќи не е само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители .

За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сè за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредната посета, и сè така до недоглед…
1 ден 30.12.2020 (Среда)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, во 06 часот наутро. Полетување во 09:05 со авиокомпанијата „Turkish Airlines“ бр. на лет TK 1004. Летот трае околу час и половина. Слетување во Истанбул на интернационалниот аеродром во 12:40 (по локално време) и организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. - Предлог: Прошетка по Лалели, посета на некој од познатите трговски центри (пр. Форум), со можност за посета на Аквариумот, посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис, посета на Karakoy – место со симпатични улички со кафулиња, меѓу кои една од нив е познатата улица на чадорите….. Ноќевање.

2 ден 31.12.2020 (Четврток)
Појадок во хотел. По појадокот, факултативен разглед на градот со стручен водич. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни. Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела (во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот). Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј.... и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустинијан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата веднаш ја претворил во џамија, а Кемал Ататурк во 1935 од Аја Софија направил Музеј. Од 10 јули оваа година Аја Софија повторно се користи како џамија. Посета на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те Автокефални православни цркви, Посета на Pierre Loti, познато место од каде се пружа најубавиот поглед на Истанбул.
Враќање во хотел или предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.
ПРЕДЛОГ - ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој, познат како Истанбулски Монмартр (индивидуално). Враќање во хотел.
Ноќевање

3 ден 01.01.2021 (Петок)
Појадок во хотел. Факултативна посета на најубавата султанска палата - Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Градена во Европски стил во 19 век е една од најгламурозните палати во светот, се во Палатата зрачи со луксуз. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир.
ФАКУЛТАТИВНО –Реприза на Новогодишна забава, Посета на ресторан во срцето на Истанбул: најпознатото традиционално Турско ноќно шоу со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки.
Враќање во хотел.
Ноќевање.

4 ден 02.01.2021 (Сабота)
Појадок во хотел. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно попладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на трговскиот центар „Sapphire“ сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде има прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...)
Враќање во хотел.
Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 16:00 (локално време).
Полетување за Скопје во 20:10 (локално време) со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје околу час и половина подоцна, во 19:50 (локално време).
 
Крај на програмата.
Хотел со 4* лоциран во областа ‘TAKSIM’ – 319 ЕУР

Хотел со 4* лоциран во областа на ‘ISTANBUL OLD TOWN’ – 299 ЕУР
Цената е ПО ЛИЦЕ и вклучува:
  • Авионски билет на релација Скопје – Истанбул - Скопје со авиокомпанија „Turkish Airlines“ со вклучен чекиран багаж до 30кг. и оброк за време на лет (согласно политика на авиокомпанија), со ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
  • Трансфер во Истанбул аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* централно лоциран во туристичка ареа
  • Организација и реализација на патувањето
Ценaта НЕ вклучува:
  • Оброци надвор од наведените по програма, т.е. ручек / вечера / пијалок
  • Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА (ДОПОЛНИТЕЛНО)
  • Бакшиш за водич и возач при организација на тури
  • Сè што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Напомени:
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето, и поседувањето на истиот е обврска на патникот.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 2 патници
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот и престојот во Истанбул мора да се запазат сите здравствени протоколи.
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер