ЈОРДАН-ГРУПНО ПАТУВАЊЕ

04-11.03.2020 – 7 НОЌИ
ДЕН 1 - Софија - Акаба

Поаѓање од Софискиот аеродром (Терминал 2) во 16:35 часот до Акаба со летот на Рајанар. Пристигнување на аеродромот во Акба, во 19:30 часот Трансфер во хотел. Сместување. Ноќевање.

ДЕН 2 - Акаба - Петра - Акаба

Појадок. Целодневна екскурзија до Петра - уникатен град кој е изграден во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Изгубениот град” Петра (Petra) е познат уште како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”, престолнината на Набатејците - избран како едно од новите седум Светски чуда (2007 година). Го посетуваме преубавиот храм и трезорот на Al-Khazneh и театарот Набатеј, опкружена со бројни обелиси, жртвени олтари, храмови и улици со колонади – редица на рамномерно распоредени столбови кои ја дрѓат древната градба . Над комплексот стои манастирот „Ад Деир“, до кој се стигнува за 800 чекори. Можност за посета на Археолошкиот и музејот Набатеј. Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3 - Акаба - Вади Рум - Акаба

Појадок. Екскурзија до пустината Вади Рум, позната како пустината на Месечината, пустината на Лоренс од Арабија - пространо место исполнето со романтичен дух и совршена убавина. Оваа екскурзија вклучува и џип сафари во пустината, минувајќи низ нејзнините извори, Набатаен храмот, арката со карпи - една од најимпресивните формации од карпи наречена “Седумте столба на мудроста”, посета на куќата на Лоренс од Арабија. Вклучено е возење со џипови 4х4 во пустината (доплата бакшиш за шофер). Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 4 - Акаба

Во утринските часови го напуштаме сместувањето и тргнуваме за крстарење .Поаѓање од Aqaba Marine port Simi, крстарење со брод со полупровидно дно за да ги гледаме коралите и прекрасните пејсаѓи кои ги нуди Црвеното море. Организиран ручек со музика.Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање. Ноќевање.

ДЕН 5 – ЗА ПРОГРАМА ЗА 5 ДЕНА/ 4 НОЌИ ТУКА ЗАВРШУВА ПРОГРМАТА И ИМА ТРАНСФЕР ДО АЕРОДРОМ АКАБА-СОФИЈА (Појадок. Одјавување (багажот е оставен во просторијата за багаж во хотелот). Слободно време за плажа. Трансфер на аеродромот 1700часот . Поаѓање за Бугарија во 21:05 часот со летот на Рајанар. Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) по полноќ во 00:10 часот)

ДЕН 5 – Акаба - Појадок и можност за индивидуални прошетки и време за плажа и уживање во локалните специјалитети.

ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНА ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА МАДАБА-ПЛАНИНАТА НИБО – МРТВО МОРЕ – БЕТАНИЈА – 60ЕУР ПО ЛИЦЕ

Појадок. Поаѓање за Мадаба. Посета на раната византиска црква Свети Ѓорќи од шестиот век, во која подот од мозаик содржи најстара оригинална картографска претстава на Светата земја, а особено Ерусалим. Поаѓање кон блиската планина Наво/ НИБО, од кое еврејскиот пророк Мојсеј ја гледаше ветената земја што им ја даде Бог на Израелците. Продолжено патување кон Мртвото Море, најниската точка на светот. Тура низ Бетанија - местото каде што се верува дека Исус Христос се крсти. По кратко ограничување, возиме до Акаба. Пристигнување. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 6 - Акаба - Појадок и можност за индивидуални прошетки и време за плажа и уживање во локалните специјалитети.

ДЕН 7 - Акаба - Појадок и можност за индивидуални прошетки и време за плажа и уживање во локалните специјалитети.

ДЕН 8 - Акаба – Софија - Појадок. Одјавување (багажот е оставен во просторијата за багаж во хотелот). Слободно време за плажа. Трансфер на аеродромот 1700часот . Поаѓање за Бугарија во 21:05 часот со летот на Рајанар. Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) по полноќ во 00:10 часот
ЦЕНАТА Е ПАКЕТ ПО ЛИЦЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТАНДАРД ДВОКРЕВЕТНА СОБА

Цена за 8дена/7ноќи - 879 ЕUR ПО ЛИЦЕ

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  •  Лет Софија - Акаба - Софија со авиокомпанијата „Рајанар“, вклучувајќи ги и аеродромските такси
  •  Мал кабински багаж со големина 40/20/25 см. -10кг
  •  Трансфер- хотел - аеродром
  •  7 Ноќевање со појадок во во Акаба 4*хотел - La Costa Hotel Aqaba 4* (no private beach) или сличен
  •  Целодневна екскурзија до Петра со вклучени влезни такси
  •  Целодневна екскурија Вади Рум со 2 часа возење со 4x4 џип возила
  •  Целодневна екскурзија крстатрење со брод +ручек / Coral View by a Simi Submarine Boat
  •  влезници за сите знаменитости наброени погоре
  •  Организација и реализација на патувањето
  •  Локална асистенција во Јордан од овластен водич на англиски јазик за време на излети согласно програма
  •  Придружник од Скопје

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  •  Чекиран багаж до 20 кг- доплата 70 еур повратно (вклучен само до 10кг согласно политика на авио компанија)
  •  Бакшиш на водичот и возачот, како и во ресторани по завршување на оборк (3-5 ЕУР по лице на ден ) се плаќа на лице место и во овој дел од светот се     задолжителни
  •  Локален транспорт
  •  Факултативен излет целодневен МАДАБА-ПЛАНИНА НИБО-БЕТАНИЈА – 60еур по лице 
  • Целодневна екскурзија за АМАНА - дополнително НА БАРАЊЕ
  • Трансфер од Скопје до аеродорм Софија - 50 eur по лице повратно (СКОПЈЕ- СОФИЈА АЕРОДОРМ – СКОПЈЕ)
  •  Патничко осигурување
ПРОГРАМОТ Е РАБОТЕН НА МИНИМУМ 18ПАТНИЦИ ГРУПАТА СО ДАДЕНА ДАТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗРА СОГЛАСНО БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ
 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Авиокомпанијата го задржува правото да ги менува саатниците на летот. Организаторот го задржува правото да ја менува програмата на патување и времето или да ги преместува екскурзиите за друг ден, кога тоа го бараат временските услови, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.

Екскурзиите и програмите се спроведува со минимум 18 пријавени туристи.

Патувањето не е погодно за лица со намалена подвижност!

Визата се издава на аеродромот по пристигнувањето и е бесплатна кога гостите од Јордан минуваат 2 или повеќе ноќи на територијата на земјата.


Пасошки и визен режим

Македонските државјани кои патуваат во земјата мора да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата. Визи може да се издадат и на граничните премини Јордан и чини 45еур . Визата, која може да ја добиете по влегувањето на контролниот пункт, важи до 15 дена.

Уплата и начин на плаќање

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

ВОЈАЖЕР го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер
Ви се допаѓа понудата?