Kalemi's Beach and Hotel 3*
Саранда, Албанија
Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население. Во последните години градот брзо се развива, а особено туризмот.

Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа. По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ.

Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Хотел Kalemi's Beach and Hotel 3* - сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу 1,3 км од центарот на градот Саранда. Секоја соба е климатизирана (во цената), ТВ, современо купатило опремено со када или туш, крпи. Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. Хотелот е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда. Националниот парк Бутринт, заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км.
Во близина на Хотел Kalemi’s Beach:
  • Supermarket alfa 2 – 29 км
  • Restorant Kalaja e Lekuresit – 2.88км
  • Carrefour Market – 0.44 км
  • Demi Beach Bar – 1.80км
  • Bar Restaurant Limani – 1.37 км
ЦЕНOВНИК ЛЕТО 2020
Тип на соба:Цена по соба од ден
01.08-26.08 2020
Цена по соба од ден
26.08-23.09 2020
Цена по соба од ден
23.09-10.10 2020
Двокреветна со поглед море69‎€53€29‎€
Двокреветна без поглед58‎€49€29‎€
Трокреветна со поглед77‎€65€43‎€
Трокреветна без поглед69‎€55‎€43‎€
Четворокреветна со поглед92‎€82‎€57‎€
Четворокреветна без поглед81‎€71‎€57‎€
***ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62 МКД***
Во цената Е вклученo:
  • Туристичка такса
  • Појадок
  • Паркинг
  • Две лежалки на плажа

Во цената НЕ Е вклучено:
  • Превоз
  • Патничко осигурување
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Албанија:
Скопје (Дрводекор)/ Штип (паркинг пред пошта) / Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -Трансфер до Битола
Скопје-Валона- 45 €
Скопје-Саранда – 55€
Скопје-Ксамил- 55 €
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :
23:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер (претходен ден)
23:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
23:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
00:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
01:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
02:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
02.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
03:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
03.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
00:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер
ВАЖНО:
  • Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ. Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер