Посетете ја волшебната Кападокија
Индивидуална авионска програма
30.12.2020-04.01.2021
 6 дена / 5 ноќи
Детали од лет
TK1004 30DEC SKPIST 0905 1240
TK2016 30DEC ISTASR 1450 1610
TK2013 04JAN ASRIST 1535 1730
TK1005 04JAN ISTSKP 2010 1950


30.12.2020 / 1 Ден Пристигнување на аеродромот во Скопје 3 часа пред лет. Полетување за Кападокија преку Истанбул во 09:05 и пристигнување во Кападокија во 16:10. Трансфер до хотел. Сместување и ноќевање

31.12.2020-03.01.2021 / 2-5 Ден Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности.

Предлог индивидуални активности:
  • Разглед на Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, годишно посетувана од околу два и пол милиони туристи од целиот свет. Она што ги привлекува посетителите е комбинацијата на природна убавина и уникатна архитектура, создадени како резултат на дејството на вулканската лава, силните ветрови и обилните дождови.
  • Долината на Гулабите, која се наоѓа помеѓу Ѓореме и Учхисар и е идеална за пешачење. Името потекнува од илјадниците “куќи” на гулаби кои биле врежани во мекиот туф уште од античко време. Иако можат да се најдат низ цела Кападокија, тие се особено бројни во оваа долина.
  • ATV Tour
  • Летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување.
  • Учисар замокот, кој го прави пределот на Кападокија уште поинтересен. Овој замок е на највисоката точка во Учхисар и со преубав поглед на околните градови. Замокот Учисар изгледа како вонземјаните набрзина да го создале не обрнувајки вниманиe на симетријата. Уживајте во прекрасниот поглед пиејќи Турски чај.
  • Долината Дервент позната и како Розова долина или Имагинарна долина, која за разлика од другите долини во регионот Кападокија, никогаш не била населена со луѓе. Она што ги привлекува посетителите во долината Деврент се неверојатните карпести формации во розова боја и геолошките аномалии кои се формирани со вековна ерозија. Распрснати низ долината, можете да најдете карпи во облик на животни и самовилни оџаци меѓу другите интересни формации, најлесно е да се забележат делфинот, змијата, фоката, алигаторот. Слободно искористете ја вашата имагинација додека резгледувате.

Ноќевање.

04.01.2021 / 6 ден Појадок. Трансфер до аеродром и лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:50
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
460 ЕВРА / 28.520 мкд

Цената е по лице за сместување во стандард двокреветна соба
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Авионски билет со авиокомпанија „Turkish Airlines“ со вклучен чекиран багаж до 30кг. и оброк за време на лет (согласно политика на авиокомпанија), со ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување на услуга ноќевање со појадок во Кападокија хотел Artemis Cave Suites 5*
  • Организиција на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Дополнителни оброци
  • НЕ е потребен ПСР тест
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот со патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормите и при транзитирање преку аеродормот во Истанбул
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.

УПЛАТА
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 мкд).
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер