ПОСЛЕДНИ СЛОБОДНИ СОБИ И МЕСТА НА АВИОН

ХОТЕЛИ ДУБАИ - НОВА ГОДИНА   28.12.2017-04.01.201830.12.2017-04.01.201830.12.2017-06.01.2018
ХОТЕЛЛОКАЦИЈАТИП НА СОБАУСЛУГА8 Д/ 7 Н6 Д/ 5 Н8 Д/ 7 Н
WESTIN DUBAI AL HABTOOR 5*Al Habtoor cityDELUXE DBLBB1 3391 1901 389
Ibis Al Barsha 3*Al barshaSTANDARD DBLBB939839939

Цената е ПАКЕТ ЦЕНА по лице за сместување во стандардна двокреветна соба на база ноќевање со појадок за 5 ноќи/ 6 дена и 7 ноќи/ 8 дена. Цената е валидна се до пополнување на слободни места во група (авион и хотел – ПОСЛЕДНИ МЕСТА НА АВИОН И ПОСЛЕДНИ СЛОБОДНИ СОБИ ВО ХОТЕЛИ).
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (КУРС 1ЕУР=62МКД)

Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена на саатници дирекно од авио компанијата.
Програма на патувањето:
6дена/5ноќи, 8дена/7ноќи -  авиокомпанија "FLY DUBAI"


1. ден Скопје - Дубаи.
Полетување на авионот за Дубаи13.20часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање

2. – 5/7 ден Дубаи.
Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга , слободно време предвидено за индивидуални активности, одмор, организација на факултативни излети и друго.
6/8 ден Дубаи - Скопје. Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.10 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.05 часот.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром
  • 5/7 ноќевања во избраниот хотел на база наведената услуга – ноќевање со доручек ;
  • Повратен авионски билет на релација Скопје - Дубаи - Скопје авиокомпанија "FLY DUBAI" (директен лет) со дозволен 20кг багаж по лице (оброк за време на лет не е вклучен во цена – СО ДОПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО);
  • Услуга водич на српски јазик во Дубаи за факулативи и дополнителни информации (ДОКОЛКУ СЕ РЕЗЕРВИРААТ И УПЛАТАТ ФАКЛУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ)
  • Технички водич од Скопје
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Аеродромски такси 45 ЕВРА по лице (не плаќа само дете 0-2год.)
  • Виза за Дубаи 85 ЕВРА по пасош (плаќаат сите лица кои патуваат не зависно од годините)
  • Оброците и филмови на летовите се наплаќаат дирекно во авион со кредитна картичка или на кабински персонал
  • Опциони индивидуални екскурзии и факултативи (не вклучени во програма – на барање)
  • ОРГАНИЗИРАНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА ВО ХОТЕЛИТЕ (СО ДОПЛАТА НА БАРАЊЕ)
  • Патничко осигурување
  • Екстра трошоци во хотел ( Телефон,Ручек &Вечера,Минибар,пијалоци )
  • Останати индивидуални трошоци
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014, Во хотелот на лице место при check in или при check out и истата изнесува:
* Хотели 5* или повеќе 20 дирхами (20 DHS ≈ 4 EUR) по соба по ноќ
* Хотели 4* / 4* lux 15 дирхами (15 DHS ≈ 3 EUR) по соба по ноќ
* Хотел 3*/3* lux 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 EUR) по соба по ноќ
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
  • Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена. Минимален износ за уплата на аконтација е 50% од целосниот износ, остаток доплата 20 дена пред патување.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ::
  • Во готово 
  • Кредитни картички
  • уплата преку фактура
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во стандардна двокреветна соба се две возрасни.
- Дополнително легло за дете или 3 возрасно лице на барање со доплата – ДОКОЛКУ ДОЗВОЛУВА ХОТЕЛОТ И ТИП НА СОБА
- Хотел Ibis Al Barsha располага САМО со двокреветни соби, за трето лице мора да се земе еднокреветна соба (single= standard dbl)
- Во собата WESTIN DUBAI AL HABTOOR може да се постави само еден дополнителен кревет како помошен rollaway bed. Со поставување на дополнителен лежај во стандардна двокреветна соба се намалува комодитетот на собата. Доплата за трето лице возрасно или дете до 11,99 години – НА БАРАЊЕ, СОГЛАСНО СЛОБОДНИ СОБИ ВО НАВЕДЕН ХОТЕЛ.
- Повисоки категории на соби и апартмани се на барање и цената е на барање заради доплата на повисока категорија на соба и висока сезона – ЦЕНА И СЛОБОДНИ КАТЕГОРИИ СОБИ НА БАРАЊЕ, како и за еднокреветните соби – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА.
- Во хотелите нема задолжителна доплата за Нова Година и Новогодишна вечера, но сепак посојат опции за Новогодишна прослава во истите (ОПЦИОНО)
  * WESTIN DUBAI AL HABTOOR има рганизирана Новогодишна вечера со доплата согласно мени, на барање ДОПОЛНИТЕЛНО ( од 140 ЕУР до 230 ЕУР по лице).
  * Ibis Al Barsha организирана Новогодишна вечера е 100ЕУР по лице согласно програма на хотел (СО ДОПЛАТА).

- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја цени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
- Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
ВИЗЕН РЕЖИМ И АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВИЗА - НАПОМЕНА:
Право на аплицирање за виза имаат мажи кои имаат најмалку 23 години и жените кои имаат полни 23 години. Лица помлади од 23 години можат да добијат виза само ако тие ќе патува со своите родители. Издавањето на виза зависи САМО од Имигационо одделение во ОАЕ и за истото нема гаранција (можат да побараат дополнуителна докумнтација).
Важни напомени:
- За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви. АКО ПАТНИКОТ НЕ ДОБИЕ ВИЗА,парите не се враќаат.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ - Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер