SAMMYS АПАРТМАНИ – НЕА ПОТИДЕА
ЛЕТО 2020
www.sammys.gr
Вилата е лоцирана во Неа Потидеа на втора линија од морето, во близина на голем маркет. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, како и со големи двоспални и троспални апартмани за 6 и за 8 возрасни лица, реновирани и целосно опремени. Вилата е на два ката со сопствен лифт и ниско приземје. Сите студија и апартмани имаат комплетно опремена кујна, балкон, фен, ТВ, клима која е вклучена во цена и бесплатен интернет во јавни простории. Вилата нема приватен паркинг, паркирање на авомобилите е дозволено на сама улица пред вилата.  Во дворот на вилата има заедничка кујна со скара која е на располагање на гостите.
НАПОМЕНА:
  • Максимален број на лица кои можат да се сместат во студио е согласно конфигурација и тип на соба како во табела. Доколку се сместат повеќе лица (на барање и со претходно одобрение) се намалува комодитетот на собата и сместувачкиот капацитет.
  • Доколку не се пријават дополнителен број на лица во соба навремено во агенција (надвор од резервација и Договор за патување), истите нема да бидат примени во собата или ќе им биде наплатено за повисока категорија на соба, доколку истата е расположлива во моментот.
  • Сместување во собите е по 13 часот по локално време, а напуштање на апартманите е до 10 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
ПЛАЌАЊЕ ОД ТУРИСТИЧКА ТАКСА ОД 0,5ЕУР ПО СОБА/АПАРТМАН НА ДЕН
ЦЕНИ СЕ ДАДЕНИ ПО НОЌ ЗА СТУДИО
ПЕРИОД 1/2 СТУДИО1/3 СТУДИО1/4 СТУДИО
15. јуни04. јули€ 35€ 40€ 46
05. јули18. јули€ 40€ 45€ 52
19. јули25. јули€ 45€ 52€ 58
26. јули22. август€ 52€ 58€ 65
23. август29. август€ 46€ 52€ 58
30. август05. септември€ 35€ 40€ 46
06. септември20. септември€ 25€ 29€ 35
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
 
 
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd). 
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер