Нова година во Сунгапур и одмор на островот Бали

Авионска програма од Белград
12 дена/ 9 ноќи – авион од Белград (групна програма за минимум 15 патници)

30.12.2019-10.01.2020

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ:

1 ДЕН (30.12.2019.) БЕЛГРАД-ДОХА-СИНГАПУР
Состанок на аеродром "Никола Тесла" во Белград во 09:40 часот. Полетување за Доха во 11:40 часот. Оброк во авион. Слетување во 18:45 часот. Продолжување на патувањето за Сингапр во 20:15 часот – оброк во авионот.

2 ДЕН (31.12.2019.) СИНГАПУР
Слетување во Сингапур во 09:15 часот. Трансфер до хотелот. Сместување (согласно меѓународни правила сместување во хотелот во собите меѓу 12:00-14:00 час). Краток одмор предпладне. Попладне има полудневен разглед на градот – кој во превод значи „градот на лавот". Сингапур е еден од најмодерните градови во Југоисточна Азија, со едно од најубавите пристаништа на светот, кој изобилува со модерна архитектура, но и многу раскошно зеленило, класични кинески храмови. Слободно време. Вечерта факултативна прослава на НОВА ГОДИНА (индивидуална организација на лице место на локации во Сингапур). Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.2020.) СИНГАПУР
Доручек. Слободен ден за одмор и индивидуален разглед и можност за шопинг. Можност за организирање на факултативни излети (СЕНТОЗА островот, зоолошката градина итн Ноќевање.

4 ДЕН (02.01.2020.) СИНГАПУР – ДЕНПАСАР (БАЛИ)
Доручек. Трансфер до аеродормот. Полетување за денпасар во 11:50 часот. Слетување во 14:40 часот. Трансфер до хотелот. Сместување и ноќевање.

5 ДЕН (03.01.2020.) БАЛИ
Доручек. Слободен ден за плажа – туке е изразен феноменот на плима и осека и мора да имате во предвид. Индивидуални посети. Ноќевање.

6 ДЕН (04.01.2020.) БАЛИ
Доручек. Поагање за целодневен излет – Кинтамани. Ве водиме во Кинтамани, планинско село кој нуди незаборавен поглед на сеуште активниот вулкан и на езертото Батур. Ова е една од најатрактивните тури и опфаќа и посета на живописните села сместени во раскошен природен амбинет, со куќи градени во типичен балинезиски стил. Скоро секое село е поснато по некој занат или уметност, како што е изработка на предмети од сребро, злато или дрво, уметнички галерии... Излетот вклучува и гледање на традиционален балинзески танц, посета на село кое е познато по резбарењето на најубавите предмети од дрво, градот Бангли со древниот хинду храм Кехен, Тегалаланг со живописните оризови полиња и Убид, културниот центар со бројни уметнички галерии. Доцна попладне враќање во хотелот. Ноќевање.

7.-10 ДЕН (05.01.-08.01.2020.) БАЛИ
Доручек. Слободен ден за плажа – туке е изразен феноменот на плима и осека и мора да имате во предвид. Индивидуални посети и организација на факултативни излети. Ноќевање.

11 ДЕН (09.01.2020.) ДЕНПАСАР (БАЛИ) - ДОХА
Доручек. Излегување и напуштање на соби до 12:00 часот. Слободно време до трансфер за на аеродром. Полетување за Доха во 19:00 час. Оброк во авион.

12 ДЕН (10.01.2020.) ДОХА - БЕЛГРАД
Слетување во Доха во 00:01 часот. Продолжување на летот зас Белград во 06:40 часот. Оброк во авион. Слетување во Белград во 10:40 часот.
ЦЕНА НА ПАКЕТОТ ПО ЛИЦЕ - (плаќање во денари по курс 1 ЕУР = 62 МКД)
ПОАЃАЊЕСМЕТУВАЊЕ И УСЛУГАЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБАДоплата за еднокреветна соба
30.12.2019Singapur hotel 4* Bali hotel 5* Ноќевање со појадок1980 €490 €
НАПОМЕНА - Во хотелот The Patra Bali во стандардни deluxe соби не постои можност да се додаде доплнителен кревет за трето лице/ собите се само двокреветни. Deluxe suite е на барање!
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • авио карта на наведени релации,
  • сместување во двокреветни стандардни соби во хотели со 4* (локална категоризација) во Сингапур и во хотел 5* (локална категоризација) на Бали,
  • оброци на база ноќевање со појадок,
  • разглед и трансфери по програма,
  • трошоци за организација на патувањето,
  • услуги од локален водич на дестинацијата,
  • услуги од лиценциран водич кој патува со групата од Белград,
  • аеродромски такси во износ од 341,05 евра. Износот на аеродормски такси е подложен на промени и се утврдува при издавање на авио картите, најдоцна 48 часа пред започнување на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • бакшиш за локалните возачи и водичи кои се наплаќаат по дестинација и се задолжиелни,
  • факултативни излети,
  • здравствено патничко осигирување,
  • индивидуални трошоци.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ::
  • Во готово - уплата на аконтација од најмалку 15% од вкупната цена на аранжманот при резервација и пријава, 60 дена пред пат вкупно 35%, 45 дена пред пат вкупно 50%, а остатокот најдоцна 30 дена пред пат.
ОПШТИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:
ВИЗИ: За државјани на Македонија не е потребна виза за Сингапур и Бали, пасош биометриски мора да е валиден 6 месци од датум на враќање.
КЛИМА: Бали и Сингапир имаат многу слична клима (тропска клима) – со температура од 26◦C до 32◦C. Можност за кратки тропски дождови.

ХОТЕЛ ПО ПРОГРАМА:
Singapur – The Elizabeth Hotel 4* (локална категоризација)
https://www.stayfareast.com/en/hotels/the-elizabeth-hotel или сличен
Хотелот е оддалечен само неколку минути од современиот трговски центар и околу 10 минути од метро станица. Удобните соби се климатизирани и опремени со кабловска телевизија, бесплатен интернет, сеф, мини бар, кафе / чај машина. Хотелот располага и со отворен базен и фитнес центар.

Bali – The Patra Bali Resort & Villas 5* локална категоризација
www.thepatrabali.com
или сличен
Хотелот лоциран во 0Тубан, Кута е опкружено со тропска градина од 11 хектари. Тој се наоѓа на јужниот брег на островот, познат по незаборавно зајдисонце и е пет минути возење од меѓународниот аеродром и центарот на градот Кута и 15-минутно возење од Денпасар. Локацијата на овој хотел овозможува брзо да се стигне до трговски или забавни центри. Исто така е идеален за тивок одмор и релаксација. Мебелот е направен во традиционален балиски стил, со базени со поглед на океанот. Просториите се климатизирани, имаат балкон, сателитска ТВ, фрижидер, мини-бар, пристап до интернет, фен за коса, услуга во соба 24 часа. Одјавување е до 12,00 часот на денот на поаѓање.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ - (пријави и уплата на дестинацијата / цени се формирани на база на пријавени минимален број на 15 особи)

“TANAH LOT” – полудневен излет
Првата пауза ќе се одржи во Менгви, каде што се наоѓа прекрасен храмски комплекс Таман Ајун, изграден уште во 1634 година за време на кралството Менгви. Сè уште е едно од најистакнатите верски места во Индонезија. Потоа, продолжуваме кон Алас Кедатон, мала шума со вкупна површина од околу 12 хектари која се наоѓа во средина на оризово поле. Храмот Алас Кедатон е опкружен со зеленило и познат е по големиот број многу мајмуни кои слободно шетаат низ храмот. Продолжување на патот до храмот Танах Лот кој е највпечатлива привлечност на Бали. Храм на вода, поточно на карпа среде море, на околу 100 метри од брегот што датира од шеснаесеттиот век. Храмот е познат по својата единственост и зајдисонце. (Цена 45 €).

„BALI SWING“ – полудневен излет
Најпознатата лулашка е забавна, возбудлива и одличен начин да го поминете делот од денот во Бали. Се наоѓа во селото Бонкаса, недалеку од Убуд и е една од омилените туристички дестинации. Комплексот вклучува 9 лулашки (од 10 - 78 метри над земјата), адреналински лулашки, лулашки наменети за парови, лулашки наменети за семејствота и неколку други интересни објекти како што се гнезда, карпи итн. Исто така, има неколку интересни места за фотографирање, како што е таканаречениот изгубен брод во џунглата, потоа романтичен кревет на работ, карпа во џунглата во форма на срце, 2 карпи лоцирани на работ над долината од кои има исклучителен поглед на кањонот и водопадот. (Цена 65 €).

„BALI BEACH TOUR“ – полудневен излет
Посета на една од најпознатите и најубави песочни плажи во Бали. Слободно време за уживање, сончање на белиот песок и пливање во кристално сина вода. Патувањето вклучува посета на Dream Land која е една од најпознатите плажи со бел песок во Бали и „Padang Padang“, исто така, една од најубавите плажи. Плажата Dream Land се наоѓа на јужната страна на островот, лоцирана во селото Пекату, на околу 30 минути од центарот на Кута. Таа сè уште е позната по името „New Kuta Beach“.Плажа Padang Padang е една од најпознатите плажи на сурфери. Сместено е на полуостровот Букит, најјужната точка на Бали. На плажата се појавува и филмот Јади, моли се и уживај со Џулија Робертс и Хавиер Бардем. (Цена 30 €).

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА ДО 31.10.2019 ИЛИ ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА МЕСТА ПО ПРОГРАМА

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
  • Плаќањата и доплатите vo denari po kurs 1EUR = 62 MKD.
  • Краен рок за откажување на патувањето од страна на агенцијата е 5 дена пред патувањето.
  • Содржината на панорамското разгледување и посета на локалитетите предвидени со програмата се предмет на промена доколку е условено од оправдани причини (работи на патиштата, локалитети, промена на работното време на локалитетите за време на празниците, штрајкови, колапс на сообраќајот и сл.).
  • Факултативните екскурзии не се опфатени со гаранцијата за патување на организаторот, бидејќи тие ги организираат локални партнери.
  • Одјавување од хотелите и напуштање на собите е до 12:00 часот на денот на поаѓање.
  • Туроператорот го задржува правото да ја промени цената на патувањето во случај на промена на цената на транспортот, како и да го откаже патувањето во случај на недоволен број пријавени учесници (минималниот број патници за реализација на овој аранжман е 15 патници).
  • Конечниот износ на аеродромски такси на авиокомпанијата подлежи на промена и се утврдува при издавање на авио карта од превозникот не подоцна од 48 часа пред почетокот на патувањето.
  • Времето на летање наведено во деталите на летот е планирано и дадено СЕ по локално време. Точното време на летот ќе му биде соопштено на патникот по приемот на карта од авиопревозникот и не порано од 48 часа од моментот на поаѓање.
  • Општите услови за патување на Т.А. ВОЈАЖЕР важат и се составен дел од оваа програма и ценовникот.
  • Агенцијата не е одговорна за какви било информации дадени по усмен пат за програмата за патување.