First Minute понуда со водич од Скопје
Групно патување за мин. 10 лица

Цена по лице ОД 1.150€
09 дена/08 ноќевања НП +авионски превоз + трансфер
 
Ова патување во земјата на " слободата и насмевките", како популарно се нарекува Тајланд, нуди уживање во разноликата природа и запознавање со фантастичната будистичка култура и историја, вкусење на перфектните тајландски специјалитети како и незаборавен ноќен живот. Една од земјите на Индокинескиот полуостров која ја сочувала својата слобода во колонијалното време. Поради својата убавина, Тајланд е популарна дестинација години наназад за бројни туристи од целиот свет. Најпримамливо што нуди оваа земја е гостопримството и шармот од локалното население. Оваа земја има многу што да ви понуди, но најдобро че ја доживеет ако “забавите”, ако гледате на работите онака како што прават Тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот онаков каков што навистина е и уживаат во сето тоа.
Доживејте го Тајланд на прав начин...
 
04.03.2019 Скопје - Доха
Состанок на групата на Александар Велики, два часа пред лет.Полетување од Скопје во 11:55ч и слетувате во Доха во 18:50ч.

05.03.2019 Доха- Банког                                                                                      
Полетување за Доха е во 20:10 часот. Пристигнување во Бангкок е во 06:55 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот во Бангкок.Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

05.03.2019 - 07.03.2019 Банког
Бангкок, секако, ја живее својата репутација како главна точка за патување во Југоисточна Азија. "Град на ангелите" има фанки пазари, трговски центри, реки полни со изненадувања, жив ноќен живот, многу чудесни знаменитости и атракции кои го одразуваат своето уникатно наследство, и многу, многу повеќе ... Кажите збогум на сообраќајниот метеж - благодарение на современите Skytrain-возови што ја покриваат површината на целиот град. Или истражете ја го Бангкок со речна тура со Speed глисер или речно такси.

07.03.2019 Бангкок-Пукет
Ран појадок во хотелот. Напуштање на собите во предвиденото време . Трансфер до аеродром. Предвидено време за полетување за Пукет во 09:10 часот (локално време). Слетување во Пукет во 10:40 часот (локално време). Трансфер до хотелот во Пукет. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

07.03.2019 - 14.03.2019 Пукет    
Појадок во хотелот. Слободни денови за ужување на некоја од најубавите плажи во светот. Можност за организација на факултативни излети. Ноќевање.

14.03.2019 Тајланд/ Пукет – Доха - Скопје   
Појадок.Слободни активности .Трансфер од хотел до аеродромот во Пукет со лет на Qatar Airlines во попладневните часови. Полетување од аеродромот во Пукет со лет на Qatar Airlines во 17:20 часот.Слетување во Доха во 20:40.Полетување од Доха во 07:15 и слетување во 10:55 во Скопје на 15.03.2019.
Цени на пакет аранжман по лице за сместување во стандардна двокреветна соба:
Сместување /хотелТип на собаТип на исхрана
Бангкок Хотел Century Park 05-07.03.2019Double roomСо појадок
Пукет Хотел Deevana Patong Resort 07-14.03.2019Double roomСо појадок
Цена по лице 
1.150€
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Цената е валидна до поплнување на места по групна тарифа од авио компанија
Во цената е вклучено:
  • Авионски билет на релација Скопје-Доха-Банког-Доха-Скопје со Qatar Airways сo вклучен багаж 30 кг;
  • 08 ноќевања во хотел по избор на Тајланд на база на соодветниот тип на исхрана;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • Пречек на Тајланд од претставник (англиски јазик);
  • Технички пратител на група

 Цената не вклучува:
  • Трошоци за визирање 65€ по патник
  • Трошоци за факултативни излети
  • Туристичка такса на Тајланд
  • Патничко осигурување
  • Факултативни тури
  • Услуги што не се споменати во програмата;