First Minute понуда со водич од Скопје
Групно патување за мин. 13 лица

Цена по лице  1393 eur
13 дена/10 ноќевања НП +авионски превоз + трансфер
Авионска карта
QR 306  27NOV 3 SKPDOH HK1          1155 1850   
QR 842  27NOV 3 DOHHKT HK1          2015 0705+1 / 28.11
ПЛУС Внатресна карта од Пукет за Бангкок на 03.12 – итенерер дополнително
QR 835  08DEC 7 BKKDOH HK1          2100 0050+1
QR 305  09DEC 1 DOHSKP HK1          0715 1055  
 
Ова патување во земјата на " слободата и насмевките", како популарно се нарекува Тајланд, нуди уживање во разноликата природа и запознавање со фантастичната будистичка култура и историја, вкусење на перфектните тајландски специјалитети како и незаборавен ноќен живот. Една од земјите на Индокинескиот полуостров која ја сочувала својата слобода во колонијалното време. Поради својата убавина, Тајланд е популарна дестинација години наназад за бројни туристи од целиот свет. Најпримамливо што нуди оваа земја е гостопримството и шармот од локалното население. Оваа земја има многу што да ви понуди, но најдобро ќе ја доживете ако “забавите”, ако гледате на работите онака како што прават Тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот онаков каков што навистина е и уживаат во сето тоа.
27.11.2019 : Скопје - Доха
Состанок на групата  на Александар Велики, два часа пред лет. Полетување од Скопје во 11:55ч и слетувате во Доха во 18:50ч.

28.11.2019:  Доха - Пукет, Тајланд                                                                                      
Полетување за Доха е  во 20:10 часот. Пристигнување во Пукет во 07:05 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот. Пристигнување во хотелот и сместување. Можност за индивидуална прошетка низ центарот, шопинг и уживање во локалните спа третмани. Ноќевање.  

29.11.2019- 03.12.2019 Пукет, Тајланд
Појадок во хотелот. Слободни денови за ужување на некоја од најубавите плажи во светот. Можност за организација на факултативни излети. Ноќевање.

03.12.2019: Пукет-Бангкок
Ран појадок во хотелот. Напуштање на собите во предвиденото време. Трансфер до аеродром. Предвидено време за полетување за Бангког. Слетување во Бангкок. Трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

04.12.2019- 05.12.2019 Бангкок
Појадок во хотелот. Бангкок, секако, ја живее својата репутација како главна точка за патување во Југоисточна Азија. "Град на ангелите" има фанки пазари, трговски центри, реки полни со изненадувања, жив ноќен живот, многу чудесни знаменитости и атракции кои го одразуваат своето уникатно наследство, и многу, многу повеќе ... Кажите збогум на сообраќајниот метеж - благодарение на современите Skytrain-возови што ја покриваат површината на  целиот град. Или истражете ја го Бангкок со речна тура со Speed глисер или речно такси. Можност за организација на факултативни излети. Ноќевање.

05.12.2019- 08.12.2019 Патаја
Појадок во хотелот. Трансфер БАНГКОГ-ПАТАЈА. Сместување во хотелот на Патаја.

05.12.2019- 08.12.2019 Патаја
Слободни денови за организација на факултативни излети. Ноќевање.

08.12.2019: Тајланд/ Пукет – Доха - Скопје
Појадок. Слободни активности. Трансфер од хотел до аеродромот со лет на Qatar Airlines во 2100 часот. Слетување во Доха во 0050.

09.12.2019: Тајланд/ Доха - Скопје
Полетување од Доха во 07:15 и слетување во 10:55 во Скопје на 09.12.2019
Цени на пакет аранжман по лице  за сместување во стандардна двокреветна/трокреветна соба:
 
Сместување /хотел-Тип на соба-Тип на исхрана

Century Park Hotel 4*/ Bangkok                      03.12-05.12.2019/ Double /trpl room - појадок

Ramada By Wyndham Phuket Deevana 4* Patong/       28.11-03.12.2019/ Double /trpl room - појадок    

Garden Sea View Resort 4*/ Phatthaya                  05.12-08.12.2019/ Double /trpl room - појадок    
 
Цената е за група од минимум 13патници ,и при резервација се уплакаат 30% од аранжманот неповратно

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Цената е валидна до поплнување на места по групна тарифа од авио компанија
Во цената е вклучено :
•    Авионски билет на релација Скопје до Скопје  со Qatar Airways сo вклучен багаж 30 кг освен на внатресниот лет ( таму е 20кг багаж);
•    Ноќевања во хотели на Тајланд  како по понуда на база на ноќевање со појадок;
•    Трансфер  аеродром – хотел – аеродром за сите дестинации;
•    Пречек на Тајланд од  претставник (англиски јазик);
•    Технички пратител на група

Цената не вклучува :
•    Трошоци за визирање за тајланд  55€ по патник
•    Трошоци за факултативни излети
•    Патничко осигурување
•    Факултативни тури
•    Услуги што не се споменати во програмата;