ПЛОШТАДИ ЗАД БОДЛИКАВАТА ЖИЦА: ЗАТВОРСКИ НАТПРЕВАР ВО ИЗРАБОТКА НА СНЕЖНИ СКУЛПТУРИ!

За затворениците во руските затвори натпреварот за изградба на скулптури од снег е вистински предизвик. Тие со голи раце обоениот снег и мраз го претвараат во животни со природна големина, споменици од градовите ширум светот, ликови од цртаните филмови па дури и целиот Кремљ. Ова за нив не е само прилика за самоизразување туку на овој натпреват тие можат да освојат и награда и тоа НЕПЛАНИРАНА ПОСЕТА НА СЕМЕЈСТВОТО!
Припремата за натпреварот започнува со почетокот на зимата, кога затворениците прават модели на скулптурите и планираат каде ќе ги постават. Без никакви посебни материјали ( освен снег, вода и бија) или тренинг тие создаваат вистинска уметност: ликови од бајките, автомобили, тенкови, Кремљ од мраз, Дедо Мраз и Рудолф...
Овој натпревар во својот состав освен натпреварувачи има и жири комисија која ги оценува изработките по неколку критериуми: креативност, чувство за вкус и способност за тимска работа. За најдобра скулптура е прогласена „Geländewagen“, второто место му припадна на “снежниот Кремљ”, а третото место го делеа „Куќа од мраз“ и „Тенк“. Во продолжение неколку фотографии од изработките од оваа година:

Галерија

Поврзани блог статии