×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Бали - Март групно патување

Опис

Датум на патување: 06.03-15.03.2024 датум на престој: 07.03-14.03.2024.(7ноќи)

Nusa Dua 07-12.03.2024 (5ноќи)  // Ubud 12-14.03.2024 (2ноќи)

Бали е единствен, Бали е неспоредлив. Не постои друго место како Бали на овој свет. Магичен спој на култура, луѓе, природа, активности, временски услови, кулинарски задоволства, ноќен живот и прекрасно сместување. Бали е многу повеќе од плажа, сонце и забава. Бали има прекрасни животни од светска класа, семејни паркови и паркови за атракција, неверојатна природа, традиционални села, морски животи, фасцинантни храмови.


Напомени


детали од лет
TK1006 06MAR  SKPIST  2045 0015 // TK  66 07MAR  ISTDPS  0150 1915
TK  67 14MAR  DPSIST 2125 0540* // TK1003 15MAR  ISTSKP 0825 0755

06.03.2024 – Состанок на групата 3часа пред лет на аеродромот во Скопје и полетување за Истанбул во 20:45

07.03.2024 – Пристигнување во Истанбул 00:15,  лет за Бали во 01:50 и пристигнување во 19:15 локално време. Check In во хотел во Нуса Дуа  и ноќевање.

08-11.03.2024 – Појадок. Уживање во убавините на Бали со мoжност за организирање на факултативни екскурзии 

 ULUWATU TOUR (полудневна тура) pick up од хотел и трансфер до Улувату. Посета на Гаруда Вишну Кенчана (Garuda Wisnu Kencana (GWK)) највисокото обележје на островот Бали. Посветена е на хинду богот Вишну и неговата планина Гаруда, митската птица која станала негов придружник. Статуата е висока 120м каде е прикажан богот Вишну качен на Гаруда што може да се види од авион пред слетување на Бали. Тука исто така може да ги следите танцувачките претстави на локалците кои редовно се одржуваат  во амфитеатарот.    Продолжуваме со посета на Улувату храмот кој се наоѓа на највисокат карпа на јужниот дел на Бали и е еден од 9те најпознати храмови на Бали за кои се верува дека го штитат од зли духови. Во околината можете да забележите мајмуни кои живеат тука. Можност за фотографирање со прекрасното зајдисонце. Трансфер до хотел.

12.03.2024 – По појадокот Check out и трансфер до хотелот во Ubud. Check in. слободно време, ноќевање.

13.03.2024 – Појадок. Слободно време за индивидуални активности и можност за организирање факултативниа екскурзија. 

 UBUD SWING TOUR (полудневна тура) pick up од хотел и трансфер до Убуд. Посета на Monkey Forest кое е едно од најголемите засолништа на мајмуни во Убуд. Со помош на водичот направете неверојтано селфи со мајмуните. Продолжуваме со посета на Alas Harum, местото каде можете во живо да ја видите Цивет мачката која произведува Luwak кафе и каде ке имате можност да пробате од истото. Во Alas Harum исто така ке можете да уживате и во познатата лулашка над оризовите полиња, пејсажи од пештери и џиновски гнезда со неверојатен поглед каде ќе можете да направите прекрасни фотографии.

14.03.2024 – По појадокот Check out од хотел и слободно време до трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Локално време

15.03.2024 – Пристигнување во Истанбул во 05:40 и лет за Скопје во 08:25. Пристигнување во Скопје во 07:55.

 Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Денпасар-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
  • Аеродромски такси;
  • 5ноќи во Нуса Дуа во наведениот хотел или сличен и 2ноќи во Убуд  наведен тип на соба / наведена услуга НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
  • Трансфер Aеродром – Хотел – Аеродром / трансфер хотел Нуса Дуа – хотел Убуд
  • Реализација и асистенција

Цената не вклучува:

  • Туристичка виза за Бали 130€
  • Комбо пакет од 2 екскурзии 85еур
  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни тури
  • Други индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.

Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Задолжително патничко осигурување

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ