×

Cart

Your cart is empty.




Маурициус

Опис

Индивидуална програма со лет од Скопје

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ АПРИЛ/ МАЈ / ЈУНИ (8 дена / 7 ноќи)

Маурициус е вистинскиот избор за сите оние кои посакуваат рекреација и спорт во својата авантура. Ова е дестинација која ќе ги задоволи и најпребирливите авантуристи затоа што нуди врвно планинарење, kite surfing и нуркање. Целиот остров е опкружен со масивен корален гребен и претставува вистинско уживање за искусни нуркачи.

Покрај прекрасните плажи и лагуни кои се заштитен знак на островот, внатрешноста е богата со прашуми, водопади, планинарски стази и див свет. Зелените шуми обезбедуваат дом за ретки растителни и животински видови, како што е летечката лисица која може да се сретне само тука. Во прочуениот парк Касела (Casela) ќе доживееме сафари авантура и ќе видиме зебри, камили, лавови, тигри, на плажата Тамарин (Tamarin) ќе видиме делфини и китови, а во селото Чамарел (Chamarel) и џиновски желки.



Галерија

Цени


Хотел Услуга Тип на соба Цена
Период на престој 14-21.05 (7ноќи) Период на престој 05-12.06 (7ноќи)
OUTRIGGER Mauritius Beach Resort 4* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба 1.690 € 1.690 €
Hilton Mauritius Resort & Spa 5* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба 1.990 € 1.990 €

Напомени


Детали од лет - Април
TK1006  21APR  SKPIST 2020 2255  
TK 176  22APR  ISTMRU 0150 1235  
TK 177  29APR  MRUIST 2005 0500+1
TK1003  30APR  ISTSKP 0725 0750  

Детали од лет - Мај
TK1006  05MAY  SKPIST 2020 2255  
TK 176  06MAY  ISTMRU 0150 1235  
TK 177  13MAY  MRUIST 2005 0500+1
TK1003  14MAY  ISTSKP 0725 0750   

Детали од лет - Јуни 
ТK1006  06JUN  SKPIST 2030 2305  
TK 176  07JUN  ISTMRU 0150 1235  
TK 177  14JUN  MRUIST 2005 0500+1
TK1003  15JUN  ISTSKP 0725 0750   

1. ден Скопје – Истанбул
Пристигнување на Аеродром Скопје три часа пред полетување на авионот. Лет за Истанбул TK1006 во 20:20 часот. Слетување во 22:55 часот по локално време.

2. ден Истанбул – Маурициус
Продолжување на патувањето на летот TK176 во 01:50 часот за Маурициус. Слетување по локално време во 12:35 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

3. – 7. ден Маурициус
Престој во хотелот на база ноќевање со појадок. Предвидени денови за уживање на плажа. Можност за организирање на факултативни екскурзии.

08. ден Маурициус-Истанбул                                                       
Појадок Слободно време до трансфер до Аеродром Маурициус. Пријавување за летот до Истанбул TK177 во 20:05 часот.

09. ден Истанбул-Скопје                                                       
Слетување во Истанбул во 05:00 часот по локално време. Продолжување на летот со лет TK1003 во 07:25 часот за Скопје. Слетување на Аеродром Скопје во 07:50 часот локално време.

 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија, на економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж)
  • Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Маурициус
  • Аеродромски такси
  • 7 ноќевања во хотел по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база / НП ноќевање со појадок, согласно политика на хотел и протоколи
  • Оброци во хотелот и пакет по ваш избор

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Сертификат за вакцинација (примени две дози) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • ПЛФ Формулар задолжително 72часа пред лет
  • Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ
  • Патничко – здравствено осигурување – пожелно што покрива КОВИД и за откажување патувања
  • Индивидуални и лични трошоци

 Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).

Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Задолжително патничко осигурување
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

 

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер