ИСТАНБУЛ – 8 Декември
ИНДИВИДУАЛНА АВИОНСКА ПРОГРАМА (3 НОЌЕВАЊА)
Термин 05-08.12.2020
ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство –никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

1. ДЕН СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ Летот е закажан за во 02:35ч наутро и се реализира преку компанијата Пегасус. Задолжително индивидуално чекирање на аеродромот во Скопје – 2 часа пред летот. Пристигнувањето на Истанбулскиот аеродром е предвидено за во 06:00ч по локално време. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

2 - 3 ДЕН ИСТАНБУЛ Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

4. ДЕН Појадок. По појадокот имате слободно време се до попладневните часови, односно до трансферот. Трансфер до аеродром во Истанбул. Полетување за Скопје. Слетување на Скопскиот аеродром во вечерните часови по локално македонско време.
Промотивна цена – 149€ по лице
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Авионски билет со компанијата Пегасус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Вклучен чекиран рачен багаж до 8кг
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад
  • Авионски такси
  • 3 ноќевања со појадок вo хотел со 4*
  • Комплетна организација

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и посети
  • Задолжителна туристичка такса во Турција (2 евра по ноќ по лице)
  • Доплата 25 евра за 20кг багаж
  • Оброци надвор од наведени оброци по програма – ручек и вечера и пијалок
  • Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети – НА БАРАЊЕ СО ДОПЛАТА (ДОПОЛНИТЕЛНО)
  • Се што не не наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот со Pegasus патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормот во Истанбул
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.

УПЛАТА
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер