Kalemi's Beach and Hotel 3*
6 ДНЕВЕН МИНИ ОДМОР (5НП)
Саранда, Албанија
Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население. Во последните години градот брзо се развива, а особено туризмот.

Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа. По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ.

Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Хотел Kalemi's Beach and Hotel 3* - сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу 1,3 км од центарот на градот Саранда. Секоја соба е климатизирана (во цената), ТВ, современо купатило опремено со када или туш, крпи. Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. Хотелот е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда. Националниот парк Бутринт, заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км.
Во близина на Хотел Kalemi’s Beach:
  • Supermarket alfa 2 – 29 км
  • Restorant Kalaja e Lekuresit – 2.88км
  • Carrefour Market – 0.44 км
  • Demi Beach Bar – 1.80км
  • Bar Restaurant Limani – 1.37 км
1 ден:
Поаѓање за Саранда од Скопје. Патот води преку Ќафасан низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Саранда во претпладневните часови, сместување во хотел Kalemi's Beach and Hotel 3*. Ноќевање.
2 – 5 ден:
Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Ноќевање.
6 ден:
Појадок. Во 10ч напуштање на собите и слободно време за на плажа. Попладне во 16ч. поаѓање за Македонија со попатни одмори.
ТЕРМИНИ :
10.09-15.09.2020
15.09-20.09.2020
ЦЕНА: 9.780 денари
  • Еднокреветна соба 10.700 ден.
  • Деца 2 -12 години 5.700 ден.
  • Трет возрасен 6.700 ден.
  • Сопствен превоз -1.840 ден. од цената.
Во цената се пресметани следните услуги:
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел Kalemi's Beach and Hotel 3* на база 5 ноќевања со појадок
  • Туристичка такса
  • 2 лежалки
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • Патничко осигурување
ВАЖНО:
  • Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ. Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
НАПОМЕНА:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер