КИЕВ
ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА
Директен лет од Скопје 
06.12-10.12.2020 5 дена / 4 ноќи
Киев е еден од ретките скриени скапоцености на Европа. Улиците изобилуваат со голем број ресторани, барови и ноќни клубови а долгата историја допринела да овој град фасцинира со мешавина од архитектонски стилови.
Посетете го Киев и уживајте во магијата на овој европски град.
Детали од лет
7W 792 06DEC SKPKBP 1250 1610
7W 791 10DEC KBPSKP 1050 1200


06.12.2020 / 1 Ден
Пристигнување на аеродромот во Скопје 3 часа пред лет. Полетување од Скопје во 12:50 и пристигнување во Киев во 16:10. Трансфер до хотел. Сместување и ноќевање.

07-09.10.2020/ 2-4 Ден
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности.

10.12.2020 / 5 Ден
Појадок и трансфер до аеродром. Полетуање од Киев во 10:50 и пристигнување во Скопје во 12:00
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
420 ЕВРА / 26.040 мкд

Цената е по лице за сместување во стандард двокреветна соба
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Авионски билет 
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување на услуга ноќевање со појадок во Киев во хотел Ibis Kiev City Center 3*
  • Организиција на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Дополнителни оброци
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
  • Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
  • За време на летот со патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата
  • При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето

УПЛАТА
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
  • За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 мкд).
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер