Трикала работилницата на Дедо Мраз

Greece's Largest Christmas Theme Park

ДАТА НА ПАТУВАЊЕ – 08.12 И 14.12

**** еднодневна екскурзија***
Состанок на групата во 06:00 часот. Поаѓање . Патуваме кон Трикала, со кратки паузи, кон волшебно место каде што се чувствува магија за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографираат со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата. Забавниот парк ќе ги импресионира како најмалите така и возрасните. Поаѓање кон Скопје околу 17-18 часот.

Ве водиме на најубавиот Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Неколку години по своето основање проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој минатата година го посетиле повеќе од 850.000 посетители.Тука може да се посети куќата на Дедо Мраз, да се фотографира со џуџињата, да се цртаат, да се прават леб, да видат како се прави чоколадото, да се вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот. Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во Работилницата на Џуџињата ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки… Не заборавајте да понесете ракавици и шалче, фото апарат, позитивно расположение и голема насмевка , Ве очекува голема доза на среќа…
Цена за возрасни: 1499.00 денари
Цена за деца до 10 години: 1199,00 денари

 
Во цената е вклучено : Превоз на наведената релација со попатни паузи
Во цената не е вклучено : Патничко осигурување (информации во агенцијата); Индиивидуални трошоци, посета и влезници за забавниот парк. Можност за транфер од Велес и Куманово
 
МИНИМУМ ПОТРЕБЕН БРОЈ НА ПЛАТЕЖНИ ПАТНИЦИ ЗА РЕАЗЛИЗАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕ Е 20 ЛИЦА
 
**** агенцијата го задржува правото за промена на цена на аранжман и програма, како и за отказ на истата доколку не се пополнат места за минимален број на патници за реализација на истата ***

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
  • Седиштата ( местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
  • Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер
Ви се допаѓа понудата?