ВИЛА KATRIN LUXURY - НЕА МOДАЊА
ЛЕТО 2020

реализацијата на аранжманите за соодветни дати на патување ќе биде во согласност со протоколите и мерките за заштита на Македонија и Грција и согласно официјалните информации за отворање на границите од двете страни за туристички патувања 
 
Вилата е одалечена околу 800м од центарот на Неа Модања, на околу 20-30 м.од плажа. Вилата е понова градба со уреден двор со тревна површина. Сите студија имаат тенди кои прават пријатни сенки во топлите денови. Има еден кат и приземје и располага со 1/3 и 1/4 студиjа, единствен простор со кујна и кревети. Вкупно има 8 Студија од кои 4 се со еден брачен кревет и еден единечен кревет (како 1/3 студио), и 4 студија се со еден брачен кревет и еден кауч на извлекување (Во 1/4 соба третиот возрасен и сите деца спијат на кауч на развлекување). Сите соби се со сопствена бања со туш, комплетно опремена кујна, клима уред (користење вклучено во цена), ТВ, Сателитска ТВ со Total TV во секоја соба поединечно. Сите соби имаат балкон, и поглед на море. Постелнини и крпи се менуваат секој трет ден од престојот, собите се чистат секој ден, бесплатен интернет, располагаат со фен, сеф, луксузна кујна.
МАКСИМУМ КАПАЦИТЕТ:
ТРОКРЕВЕТНО СТУДИО – ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ И ЕДНО ДЕТЕ 0-11,99 ГОДИНИ. ДЕТЕ СОГЛАСНО НАПОМЕНА ВО 1/3 СТУДИО СО ДВЕ ВОЗРАСНИ ЛИЦА Е БЕСПЛАТНО БЕЗ СОПСТВЕН КРЕВЕТ (минимум две полноплатежни суми).
ЧЕТВОРОКРЕВЕТНО СТУДИО – РАСПОЛАГА СО ЕДЕН БРАЧЕН КРВЕЕТ И И СОФА КРЕВЕТ И МОЖЕ ДА СЕ СМЕСТАТ ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ И ДВЕ ДЕЦА ДО 11,99 ГОДИНИ ИЛИ ТРИ ВОЗРАСНИ ЛИЦА И ЕДНО ДЕТЕ ДО 5,99. ПРВО ДЕТЕ 0-5,99 ГОДИНИ ВО 1/4 СТУДИО СО ДВЕ ВОЗРАСНИ ЛИЦА Е БЕСПЛАТНО (минимум две полноплатежни суми). ВТОРО ДЕТЕ 0-11,99 ГОДИНИ ВО 1/4 СТУДИО СО ДВЕ ВОЗРАСНИ ЛИЦА ПЛАЌА 20% ОД ЦЕНА ВО ТАБЕЛА. ТРЕТО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ ВО 1/4 СТУДИО ПЛАЌА 70% ОД ЦЕНА ВО ТАБЕЛА.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Пакет цени за наем на студио за 2 лица за 1 ноќ
Можност за индивидуалени термини на барање (мин. 5 ноќевања) со сопствен превоз.


ПРОМОЦИЈА ЗА ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ ДО 10.07.2020
ЦЕНА ЗА НАЕМ НА СТУДИО-60 ЕУР/ НОЌ
ЗА 2 ВОЗРАСНИ И 2 ДЕЦА ДО 11,99 Г.

 
(ПРОМОЦИЈА ВАЛИДНА ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОМО СОБИ – НА БАРАЊЕ/ РОК НА ПОТВРДА 24 ЧАСА)




 
 ТЕРМИНИЕВРА ПО СОБА НА НОЌ / 2ЛИЦАТРЕТО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ ЕВРА НА НОЌВТОРО ДЕТЕ ДО 11.99 ГОДИНИ
10.07-18.08€ 95€ 35€ 10
19.08-10.09€ 95€ 35€ 10
11.09-31.10€ 62€ 22€ 7
НАПОМЕНА:
Цените се дадени по соба за 2 возасни лица на ден (минимум плаќаат 2 лица полни суми)
• Трето возрасно лице плаќа 70% од цена во табела – НАВЕДЕНО ВО ТАБЕЛА
• Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
• Сместување во собите е по 13 часот по локално време, а напуштање на апартманите е до 10 часот по локално време
• Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари
• ПЛАЌАЊЕ ОД ТУРИСТИЧКА ТАКСА ОД 0,5ЕУР ПО СОБА/АПАРТМАН НА ДЕН
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

ГАЛЕРИЈА